Македонија
(Видео) Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија ќе го поддржат преспанскиот договор
„Ова е неповратен процес, целосно сум убеден дека договорот од Преспа ќе биде поддржан и од опозициските партии бидејќи граѓаните како поминува времето сè повеќе ќе стануваат приврзаници на истиот и ќе го поддржат”, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија ќе го поништат договорот доколку дојдат на власт.
„Немаме докази дека постои поништување договори кои носат придобивки. Имплементацијата на договорот од Преспа е во полн ек. Договорот ќе донесе само убави работи за двете страни. Ние им служиме на граѓаните, со самата реализација мнозинството граѓани ќе бидат за договорот. Опозицијата ќе стане власт се надевам подалеку во времето. Праксата ќе покаже дека договорот е добар за двете страни. Дали опозицијата ќе се откаже од договорот и ќе се тргне од НАТО или, пак, ќе престане со преговорите за ЕУ – ‘не’. Ова е неповратен процес, договорите ќе бидат поддржани и од опозицијата”, рече Заев.
Тој додаде дека граѓаните на Грција треба да знаат дека Република Северна Македонија во целост ќе го исполни договорот исто како и Грција, бидејќи носи придобивки во секој поглед за двете земји.
„Имаме намера и двајцата како пријатели да победуваме понатаму. И Мицотакис и Мицкоски само со текот на времето ќе дадат поддршка на овие соработки. Тоа е прагма, тоа е политика, тоа е памет. Да бидете поддржувач на она што народот го сака”, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

