Македонија
(Видео) Заев до Мицкоски: Молиш Бога да не ти се случат избори
Премиерот Зоран Заев, иако во еден момент призна дека му одговарале, сепак тврди дека не е за предвремни парламентарни избори заедно со претседателските, бидејќи како што рече тоа не би било погодоно сега за економија. На денешната прес-конференција одржана по повод изгласувањето на уставните измени, одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на опозицијата, Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал, но молел Бога, да не му се случат избори.
„СДСМ ќе го отвори ова прашање со коалиционите партнери и во партијата. Но ние сметаме дека избори во овој момент не се најдобро решение, иако анкетите се наша страна“, изјави Заев.
Сепак, Заев призна дека ќе треба да се носи со политичката одговорност за аманестијата и политичките пазарења.
„Граѓаните се тие што наградуваат и казнуваат, а тоа најдобро ќе го кажат на избори, кога ќе дојде време за избори. Ние сме свесни на одговроноста која треба да ја сносиме пред граѓаните“, додаде Заев.
На прашањето дали се чувствува уценет политичар, околу целиот процес поврзан со промена на името, Заев не даде конкретен одговор, но рече дека сето тоа што го направил било за иднината на државата и уште еднаш повтори кога веќе се помиривме со соседите, зошто да не се помириме и дома, еден и пол милион луѓе останавме во државата да ги надминеме разликите и да живееме заедно, порача Заев.
Премиерот во својот говор неколкупати го спомена ново име на државата Република Северна Македонија. Коментирајќи го ова Заев рече дека за народот да се привикне на новото име на државата, прво треба да го чуе од устата на првиот човек на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

