Македонија
Заев за Велигден: Да празнуваме со душа, а да делуваме со ум, добрината да нѐ води кон иднината
Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод голеиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден испрати честитка до православните верници.
„Како и секоја година, така и годинава, сите верници ќе му се поклониме на Севишниот човекољубец – Исус Христос, славејќи го неговото Воскресение, како празник над празниците. Како и секоја година, така и годинава, ќе се огласат црковните камбани за да ни пратат убава вест што ќе ни измами насмевки на лицата. Нивниот глас надалеку се слуша.
Но годинава, како никогаш досега, Велигден го очекуваме затечени со сериозна опасност која надвиснала над светот и нашите глави. Исправени пред ваквиот сериозен предизвик, мораме заеднички да делуваме мудро, за на крајот да излеземе како вистински победници. И Исус Христос би го побарал тоа од нас. Ако тој со смртта, смртта ја победил и сторил триумф на животот, можеме и ние – неговите чеда, во наша и негова чест да се заштитиме од злото што не демне.
Да му се радуваме и да го славиме Велигден со срца и души, а да делуваме со ум. Фокусот на сите празнувања е во домот и семејството. Нека биде така годинава, од почетокот до крајот на Христовото Воскресение. Така ќе си овозможиме, во некои следни и поубави денови, повторно да ги пречекориме праговите на божјите храмови и здрави, живи, среќни и весели да ги празнуваме сите христијански празници, вклучително и Велигден.
Во овие празнични мигови, да и дадеме предност на содржината пред формата, навлегувајќи во суштината на христијанството. Да си ги прочистиме душите и да им дадеме можност на добрината и мудроста да не водат во иднината на нашите животи.
Само така ќе успееме, со озарени лица да поздравуваме и отпоздравуваме со ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ.
Имајте здрави, среќни и весели семејства со топлина, хармонија и благосостоба во домовите.“, се вели во честитката на Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

