Македонија
Заев за „Франсе прес“: Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“
Свежата блокада на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „многу горчина кај нас“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за „Франс прес“.
Тој изрази жалење за „непријатното изненадување“ што го доживеа кога Бугарија употреби вето за стопирање на напредокот на преговорите за пристап во ЕУ.
Заев рече дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“.
„Тоа е прашање на самоопределување“, што е во срцето на европскиот проект, рече тој.
„Постои апсурдност на целиот проблем. Покажавме колку веруваме во европските вредности“ нагласи македонскиот премиер, повикувајќи се на болниот компромис со Грција за промената на името.
„ И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности — тие не беа таму“ порача Заев.
Заев рече дека верува оти на ваквите работи треба првенствено да работат „историчарите“, но дека е важно да се потенцираат и договорите што Комисијата ги постигна во некои области.
„ Создаден е голем гнев од обете страни, меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата“, рече тој за АФП.
Но, тој инсистираше на тоа дека сепак верува дека е можен чекор напред.
„ Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ“, заклучува Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

