Македонија
Заев и Брахос: Интензивирање на економската соработка и градење пријателство
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со генералниот секретар за меѓународни и економски односи во грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Брахос, кој беше придружуван од амбасадорот Димитрис Јанакакис и делегација од канцеларијата за економски прашања при Генералниот секретаријат во Владата на Грција.
На средбата се зборуваше за придобивките од постигнувањето и практичната имплементација на преспанскиот договор и за интензивирање на економската соработка и релации помеѓу двете пријателски земји, што ќе резултира со зголемување на трговската размена и економски придобивки кои ќе бидат видливи и почувствувани од граѓаните во двете земји.
„Нам ни претставува огромно задоволство што денеска нè посетивте. Ваквите средби во иднина ќе бидат сé почести и редовна пракса, бидејќи со Грција започнавме да градиме искрено пријателство кое ќе го негуваме преку зголемена соработка, пред сé на економски план, а потоа и во области како што се културата, образованието и здравството. Сакаме да им покажеме на граѓаните од соседна Грција дека сме посветени на целосна имплементација и почитување на договорот од Преспа, дека ќе работиме на унапредување на економската соработка, а бенефитите ќе бидат видливи за граѓаните од двете земји“, порача премиерот Заев.
Брахос ја потврди заложбата на Грција за градење пријателство со нашата земја и за интензивирање на политичките и економски односи преку иницијативи за поблиска соработка и координација на економските ресори од двете земји.
Премиерот Заев ја посочи важната улога на лидерството што Грција го има во регионот за зголемувањето на регионалната соработка, што е важен чекор за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и информираше дека процесот за полноправно членство на нашата земја во НАТО се одвива навремено и брзо и воедно претставува голем успех за Северна Македонија и нејзините граѓани.
На средбата беше посочено дека сега е вистински момент да се постигнат конкретни резултати на економски план преку стратешко партнерство помеѓу двете земји, како што е предвидено во преспанскиот договор, а посебно преку интензивирање на соработката на проекти кои значат енергетско и инфраструктурно поврзување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

