Контакт

Македонија

(Видео) Заев и Села се договорија – прифатени дел од барањата во замена за гласовите за уставните измени

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и лидерот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села се договорија. Заев ќе може да смета на гласовите на „Алијансата за Албанците“ во гласањето на финалната фаза за измени на Уставот по прифаќањето дел од нивните барања на попладневната средба. „Алијансата“ ќе ги поддржи уставните измени по договорот во преамбулата да се избрише зборот „граѓани што живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.

dobivaj vesti na viber

Заев вели дека според таа формулација излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјата.

Премиерот Заев објасни дека во Преамбулата на Уставот зборот „граѓаните“ ќе биде употребен само еднаш, при што по македонскиот народ, директно ќе бидат додадени „и дел од албанскиот народ, турскиот народ…“, со понатамошно наведување на сите етнички заедници, наместо како досега, со формулацијата „како и“, пред другите етнички заедници.

Премиерот го отфрлил барањето на Беса за албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија.

Од Владата соопштија дека средбата поминала во конструктивна атмосфера. На состанокот биле реафирмирани заедничките заложби за успешно заокружување на политичкиот процес во Собранието, со цел евро-атланска иднина на државата.

„Драго ми е што успеавме во постигнувањето договор“, рече премиерот Заев. Тој го оцени разговорот со претседателот на Алијансата на Албанците, Села како конструктивен и изрази задоволство што и оваа партија останува на определбите кон НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев посочи дека за дијаспората, наместо дијаспората на македонскиот народ, се додава „и на другите заедници“ и дека со амандман на Уставниот закон се внесува и Косово како петти сосед на нашата држава. Со тоа, низ прифатените амандмани, како што беше заеднички оценето и во изјавите и на средбата, Алијанса на Албанците е вградена во политичкиот процес на уставните измени со цел реализација на Договорот од Преспа.

Премиерот Заев посочи дека е „важно да се сочува македонскиот идентитет“, како и дека „двете партии, Алијанса на Албанците и Беса остануваат определени кон НАТО и ЕУ, а останува чувството дека тие водат грижа и за македонската етничка заедница и на самоопределувањето како Македонци“.

Претседателот на Владата, Заев, нагласи дека останува посветен на инклузивен процес и во иднина за сите прашања што ги засегаат сите етнички заедници во Македонија. Тој во одговорите на новинарските прашања објасни и во врска со останувањето на формулациите за државјанството и за јазикот, при што додаде дека станува збор за усвојување амандмани коишто се поврзани со Договорот од Преспа.

„Правно – формално не можеме да го отвориме тоа прашање сега, но времето е пред нас и ќе даде можност за разговори“, одговори премиерот Заев на новинарското прашање во врска посочувањето на албанскиот јазик во Уставот. Заев, рече дека дел од прифатените амандмани се со цел пратениците кои изразија поддршка на Договорот од Преспа, да останат во процесот на усвојувањето на уставните амандмани.

На новинарското прашање дали има поддршка од 80 пратеници за гласањето во парламентот, рече дека тоа ќе се знае на гласањето и дека „редот е пратениците да го кажат својот став“, но дека верува дека ќе има двотретинско мнозинство да се заврши процесот.

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ (ДР-АДП, УНИТЕТИ, НДП) има тројца пратеници: Зијадин Села, Весел Мемеди и Сурија Рашиди. Од „Алијансата за Албанците“ поднесоа шест амандмани, кои се однесуваат на унапредување на употребата на албанскиот јазик, измени во делот на државјанството, т.е. да не стои Македонци, како и барање да се наведе дека државата е мултиетничка, а наместо дијаспора, да се наведат етничките заедници. Речиси идентични барања имаат и од Беса на Касами, од каде што велат дека тие не го запираат интегративниот процес, како што претходно обвини вицепремиерот Бујар Османи.

„Не може низ призмата на еден или друг политичар да ја врзуваме судбината на државата, тоа и ним им е јасно. Касами и Села не се најважни фактори во оваа ситуација, има позначајни влогови од нивните барања, тоа се Брисел и САД, изјави Нано Ружин за „Макфакс“ по повод барањата на лидерите на Беса и „Алијансата за Албанците“ за воведување двојазничност на целата територија на Република Македонија и бришење на зборот „македонско“ од државјанството на граѓаните, а сѐ со цел да дадат поддршка за уставните измени што се ставени на утрешниот дневен ред во Собранието.

Седницата за уставните амандмани е закажана за утре. Во исто време пред Собранието е најавен протест на „Македонија блокира“ во 12 часот против уставните измени.

Македонија

Почина хирургот и професор Владо Јаневски

Објавено пред

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

dobivaj vesti na viber

Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Објавено пред

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.

dobivaj vesti na viber

„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.

„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници

Објавено пред

Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија2 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет2 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет7 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет8 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија9 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет9 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет10 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет11 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...