Македонија
„Македонија блокира“ утре ќе организира протест пред Собранието против уставните измени
„Македонија блокира“ на денешната прес-конференција се осврна на големиот сенароден протест, кој е навајевн за утре пред Собранието со цел спречување на уставните измени. Протестот ќе се одржи во 12 часот. Во исто време во Собранието ќе се одржува седница, на која пратениците ќе гласаат за уставните амандмани за промена на Уставот.
„Како што е познато, лани на 4 ноември, осумдесет и четири организации – политички партии и здруженија од земјата и дијаспората, потпишаа повелба за стратешка соработка со која се формира кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори, кој настапува со слоганот ‘Македонија блокира’. Како што најавивме, во изминатиот период ‘Македонија блокира’ организира сенароден протест пред Собранието, собири пред домовите на 8-те одметнати и уценети пратениции, блокада на магистрални патишта во градови низ Македонија, блокада на булевари во Скопје и блокада на граничниот премин Богородица“, рече Јанко Бачев на денешната прес-конференција.
„Значи, во ист ден, во исто време, внатре во Собранието, пратениците ќе гласаат за уставните амандмани, а надвор пред Собранието ќе биде народот да ги брани македонската држава и македонскиот народ. „Македонија блокира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија влегуваат во финална битка со марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори, кои сакаат со уставните измени да избришат сè што е македонско.
Целиот свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент, каде што е важно како Македонци да останеме свои на своето.
Првата фаза кога настапувавме како „Македонија бојкотира“ и во која победивме со народот на 30 септември со неуспешниот референдум, е веќе зад нас. Сега доаѓа втората фаза „Македонија блокира“. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ.
Последна шанса за нашата генерација! Затоа, повикуваме и очекуваме масовно присуство на сенародниот протест пред Собранието, без оглед на политичката или каква било припадност оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.
Во овој контекст да спомнам дека имаме информации за смислени провокации и провоцирање инциденти. Ја користам шансата да апелирам на водржаност оти ова е собир за одбрана на највисоките национални и државни интереси. Го повикуваме и претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот семакедонски протест. Антимакедонските политики го допреа врвот. Или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи. Целта на сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер. Масовно излегување на семакедонскиот народен протест пред Собранието во вторник, 8 јануари, 12 часот, по што ќе биде решена големата дилема или ќе дозволиме марионетската власт да избрише сè што е македонско или Македонија ќе победи. Трето нема“, рече Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.