Македонија
Заев – Кларк: Со сигурноста што ја обезбеди членството во НАТО дојде и сигурноста во економијата и владеењето на правото
Претседателот на Владата, Зоран Заев, го прими поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк.
На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, стана збор за новата реалност за Северна Македонија и за регионот откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО.
Премиерот Заев го истакна членството во НАТО како остварување на стратешката цел на земјата што го дефинира геостратешкото место на Северна Македонија во регионот и на меѓународен план, како и придобивките од безбедносната сигурност, кои создадоа услови и поттикнаа голем број странски инвестиции и економски напредок.
Поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк, истакна дека сега, откако заврши неговата војничка кариера, тој е целосно посветен како бизнисмен да го поддржува развојот на земјите од регионот и од Југоисточна Европа во делот на нивното економско поврзување со инвеститори од САД и Европа и особено во поддршката на владите во борба против корупцијата и сивата економија.
Како искусен познавач на регионот и на политиките за привлекување и поддршка на странските инвеститори на Северна Македонија, поранешниот генерал Кларк на средбата истакна дека во наредниот период ќе го поттикнува интересот на компаниите од САД да инвестираат во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

