Македонија
(Видео) Мицкоски лаже дека е за ЕУ и НАТО, сака само амнестија за криминалот, рече Заев

Премиерот Зоран Заев по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници рече дека Република Македонија е одлучна за иднината на НАТО и ЕУ и дека сите се уморни од кризи, омрази и поделби.
„За жал, Мицкоски не го препозна моментот. Наместо да го фати возот, остана на мрачната страна на историјата. По третата средба стана јасно дека Мицкоски лаже кога тврди дека на ова раководство му е важно техничка влада, ДИК… Тој лаже дека Македонија сака да биде во ЕУ и дека се бори за чесен референдум. Тој проба да ги прикрие вистинските намери. Откако виде дека нема намера да преговараме за амнестија, немаше намера да се договори. Ако нема амнестија нема договор, со тие позиции беше тој. Сè доби во пакет, а единствено требаше да ги повика од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат по сопствено уверување“, рече Заев.
Заев порача дека нема да дозволат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја држи Македонија во заложништво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.
Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.