Македонија
Заев – Мартин: Силната поддршка на Ирска е признание за нашиот придонес за деблокирање на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во рамките на активностите на маргините на самитот на ЕУ за Западен Балкан, се сретна со премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин.
На средбата, на која учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека двете земји имаат блиски пријателски односи, но и отворени можности за нивно дополнително унапредување, особено во соработката на економски план.
Премиерот Заев како особено значајна ја оцени силната поддршка на Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција како признание за нашиот придонес за деблокада на проширувањето на ЕУ и му пренесе на премиерот Мартин дека Владата продолжува интензивно да работи на ова прашање.
Во насока на унапредување на меѓусебните односи двајцата премиери се согласија да продолжи и да се интензивира соработката и преку размена на посети на високо ниво помеѓу Република Ирска и Република Северна Македонија со фокус на економската соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.
Македонија
Задутре времен застој на ГП „Делчево“ заради градежни работи

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ ја информира јавноста дека задутре ГП и ГН „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај во периодот од 08:00 до 14:00 часот.
Причина за тоа, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.