Македонија
Заев на распит во Основното јавно обвинителство
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во петок треба да дојде на распит во Основното јавно обвинителство, пренесува А1он.
Обвинителството на Марко Зврлевски, заедно со други лица, на раководни позиции во партијата го товарат Заев за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.
Ова е во рамки на веќе отворената предистражна постапка. Заев потврди дека е поканет и дека ќе одговори на поканата и ќе се појави на распитот.
Во предистражната постапка сослушани биле над 70 сведоци, за настани од изборите во 2014-та и декември 2016-та година.
Во исто време постапки за изборен фалсификат и нерегуларности, СЈО води против екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.
За нив во „бомбите“ на опозицијата беше објавено дека поткупуваат и заплашуваат гласачи, злоупотребуваат и деца од дом, со сила носат лица на гласање, го организираат гласањето на жители на Пустец и отвораат доверлив изборен материјал./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

