Македонија
(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред да ѝ се одземе телефонот.
„Јавното обвинителство е должно да каже дали се злоупотребува Катица Јанева во процесот или има докази против неа“, смета Заев.
Додека не се докаже дека е инволвирана во случајот, рече Заев, стојам зад неа.
„Верувам во правосудниот систем, конечно, функционора, имаме правна држава, се покажува дека законот важи за сите. Верувам дека секој што се огрешил и има докази, ќе одговара“, рече Заев.
На новинарско прашање премиерот рече дека не може да потврди на кого мисли новинарот Бранко Героски во своите колумни кога зборува под псевдоними за функционери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.