Македонија
(Видео) Заев од собраниска говорница ги убедува пратениците да гласаат за новите министри
Во Собранието продолжи 103. седница, на која се очекува да бидат изгласани новите министри во Владата на премиерот Зоран Заев. Тој од собраниската говорница ги убедуваше пратениците дека предложените имиња за министри имаат добри биографии.
За Садула Дураку, кој е предложен за прв човек во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Заев не се осврна на критиките за тоа што тој навел дека знае „Експлорер“, туку, единствено, рече дека ќе раководи со новоформираното министерство, со кое ќе се заокружи процесот на Рамковниот договор.
„За министер за животна средина го предлагам Насер Нуредини. Има висока едукација во бизнисот и економијата, особено во грин-економи“, рече премиерот.
За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен е Трајан Димковски.
Ако биде изгласан, со Министерството за култура ќе раководи Хусни Исмаили, а со Министерството за локална самоуправа – Горан Милевски.
Вчера беа разрешени досегашните министри за финансии и за локална самоуправа, Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу, како и министерот без ресор задолжен за Рамковниот договор, Хазби Лика, а премиерот го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии.
Заев ќе раководи со Финансии сè до изборот на нов министер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

