Македонија
(Видео) Заев: Отпосле дознав дека предложената е сестра на Катица Јанева

Премиерот Зоран Заев по информациијата во медиумите дека Владата му предлага на Собранието да ја избере за заменичка на Комисијата за хартии од вредност сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова, рече дека отпосле дознал дека тие се роднински поврзани.
„Ние само предлагаме. Собранието е тоа што ги носи одлуките. Секој граѓанин може да конкурира“, рече Заев. Како да ѝ кажете дека нема право да конкурира ако ги исполнува усливите“, одговори премиерот на новинарско прашање зошто Владата ја предлага сестрата на Катица Јанева. Јавноста е тука, слободно коментирајте ако има судир на интереси и неетичко однесување, им порача Заев на новинарите.
Во документ што е испратен од Владата и примен во Собранието на 2 мај оваа година, Владата бара Собранието да избере претседател и заменик на Комисијата кои ќе бидат професионално ангажирани и уште тројца членови кои ќе доѓаат на седници.
Комисијата за хартии од вредност треба да ја води Нора Алити, експратеничка од ДУИ, а останатите тројца предложени членови се: Зоран Колев, Кирил Јовановски, Душко Гошевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме мултиетничка хармонија и решенија за сите предизвици

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Чаир, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“.
На работната средба со градоначалникот Висар Ганиу и членовите на општинскиот Совет, разговараа за актуелниот процес за измени на Законот за локална самоуправа, дискутираа за децентрализацијата, како и за можностите за надминување на одредени проблеми со кои се соочува Општината поради игнорантскиот однос на Град Скопје и за евентуалните измени на Законот за Град Скопје. Од Општината информираа и за тековните проекти кои ги реализираат, како и за подготвеноста за учество на вториот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, кои ќе се финансираат од државниот буџет.
Министерот Перински истакна дека Општина Чаир е една од важните симболи на мултиетничката и мултикултурната традиција во Скопје, а истовремено специфична и по други околности.
„Општина Чаир брои 63.000 жители, а се простира на само 3,5 квадратни километри, што значи многу жители на мала територија, што само по себе е предизвик да се испочитуваат потребите на граѓаните во целост. Ние како Министерство и како Влада, продолжуваме да работиме заедно со општините на создавање услови за подобар живот за сите наши граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Најважно од се е да ги решаваме предизвиците кои ги наметнува урбаното живеење, да ги слушнеме потребите на граѓаните и да инвестираме за да се надминат сите предизвици“, изјави министерот Перински.
Градоначалникот Ганиу изрази благодарност за транспарентноста, кооперативноста и континуираната соработка од страна на Министерството за локална самоуправа, како и за финансиската поддршка на Владата за реализација на инфраструктурни општински проекти.
„Периодов имавме многу средби на кои дебатиравме за измените на Законот за локална самоуправа и верувам дека заеднички ќе создадеме Закон кој ќе овозможи пофункционални општини, за доброто на граѓаните. Соработуваме и по основ на јавните повици за финансиска поддршка на општински проекти. Веќе 100 отсто ни се исплатени средствата за проектите од првиот повик, а се подготвуваме да аплицираме со 25 проекти на вториот повик. Оваа Влада со дела покажа дека не ги дели општините по ниту еден основ, туку искрено е фокусирана на надминување на предизвиците со кои се соочуваат општините и граѓаните со желба за поголем развој и напредок на сите локални самоуправи“, истакна градоначалникот Ганиу.
Посетата на министерот Перински на општина Чаир продолжува утре со средба со сите заинтересирани граѓани, претставници на невладини организации, спортски и културни работници, кои сакаат да дадат свои предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 18.30 часот во ОУ „Исмаил Ќемали“.
Македонија
Мицкоски најави реконструкција на болницата „8-ми септември“ и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ и реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, најави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“.
Од Министерството за здравство неодамна најавија дека „8 Септември“ ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.02. до 23.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 149 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, велат од ЈП Паркинзи.