Македонија
Заев се сретна со Могерини: Европската комисија со поддршка за организирање успешен референдум

Премиерот Зоран Заев како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон оствари средба и со високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, информираат од владината прес-служба.
Не средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и советниците на премиерот за европски прашања и надворешна политика, Бојан Маричиќ и Дане Талески, Заев информираше за претстојните подготовки за организирање и за спроведување на референдумот за договорот со Република Грција.
Могерини ја искористи можноста и лично да му честита на премиерот за одлуката на Европскиот совет да одреди датум за отворање на преговорите во делот за поглавјата за членство во ЕУ и уште еднаш ги истакна резултатите од реформските процеси и храбрата одлука за постигнување договор со Грција.
Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ истакна дека Европската комисија останува со целосна посветеност во поддршката за нашата земја во новата фаза на реформите, како и во поддршката за организирање успешен референдум во интерес на граѓаните на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ана Михајлов нова в.д. директорка на „Еразмус“

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има ново раководство кое ќе ја продолжи имплементацијата на „Еразмус“ и „Европски солидарен корпус“ во Македонија, како и на неколку други европски програми и мрежи за образование и мобилност. За в.д. директорка на институцијата е избрана Ана Михајлов, која доаѓа од редот на вработените и има искуство во областа повеќе од 15 години, соопшти Министерството за образование.
Министерката Весна Јаневска на денешната средба со Михајлов и’ посака успех во спроведување на програмските определби, посочувајќи дека активностите на Националната агенција се исклучително важен дел од напорите на државата за интегрирање на македонскиот образовен систем во европскиот образовен простор.
„Михајлов изрази уверување дека институцијата ќе продолжи доследно да ги почитува европските начела за работа при спроведување на програмите за образование и мобилност и придобивките од истите да ги доближува до што повеќе ученици, наставници, граѓански здруженија и други чинители на образовниот систем.
Како национален авторитет, Министерството за образование и наука продолжува да ја следи работата на Агенцијата и преку редовна комуникација со образовните и научните институции и тела во рамки на Европската комисија да гарантира правилно и оптимално работење, како и континуирана надградба на капацитетите на институцијата“, се наведува во соопштението.
Македонија
Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на младите: Мора да им овозможиме учество на младите во управувањето со сегашноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила Билјана прими млади од Охрид, по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите.
Меѓу нив беа: претставници на Младинскиот центар Охрид, членови на Младинскиот совет од Охрид, првенци на генерацијата од трите средни училишта во градот, креатори на еко-апликацијата „Trashpinger“, учесници во меѓународни младински размени, како и членови на Летната школа за гитара и Летната ликовна школа при МЦО.
Таа упати честитка по повод Меѓународниот ден на младите, нарекувајќи го „најважен празник на светот“.
Младите ги презентираа своите ИТ-вештини, како и талентите во сликарството, танцот и музиката. Најуспешните средношколци ги споделија искуствата од школувањето и плановите за иднината, а учесниците во меѓународната размена информираа за позитивните искуства од посетата.
За претседателката, Охрид ќе биде поубав, доколку се искористат знаењето, умот и талентот на младите луѓе, како носители на нови идеи. Возрасните мора да им овозможат на младите учество во управувањето со сегашноста, ако сакаат подобра иднина.
За сите, важна претпоставка за младинското учество во процесот на одлучувањето е донесувањето на измените на Законот за младинско учество и младински политики.
Таа им се заблагодари на гостите за прекрасниот ден.
Македонија
СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно во служба на сеење страв – се легитимираат новинари!

„СДСМ ги осудува постапките на полицијата на Тошковски во Демир Хисар, каде полициски службеници легитимираа новинари на јавен простор, со видливо истакнати новинарски легитимации. Недозволиво е полицајци на јавен простор да ги третираат новинарите како „непознати лица“ кога на себе имаат легитимации“, велат од СДСМ.
„Знаеме дека Тошковски е уплашен од вистината, од силните реакции на јавноста за сите скандали што ги прави, но не може да ја претвори полицијата во инструмент за сеење страв и замолчување.
Нека ги остави Тошковски новинарите да работат и да известуваат за прашања од јавен интерес. Наместо да ги попречува, полицијата е должна да ги штити нив и новото право за работа без било каков притисок.
Секое друго однесување е директен удар врз слободата на медиумите“, соопшти СДСМ.