Македонија
Заев се сретна со правобранителите од Република Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го посети Државното правобранителство и оствари средба со правобранителите од Република Македонија, предводени од државниот правобранител Фехми Стафа.
На средбата се разговараше и за можностите за подобрување на условите за работа на оваа институција, како и за можностите поврзани со коефициентот за пресметување на платите на јавните правобранители.
Премиерот Заев посочи дека институцијата е важна за Република Македонија затоа што е фактор во заштитата на државата во судските постапки.
Премиерот ги информира правобранителите за намерите на Владата да помогне во подобрување на условите за работа на правобранителството и службите во оваа институција и истакна дека во соработка со МВР изнајдено е решение за проблемот со обезбедувањето на Јавното правобранителство.
„Одлучни сме да ги подобриме условите за работата и да ја поддржиме модернизацијата на оваа институцијата. Тоа е составен дел во ефикасноста на процесите, што влијае и на другите институции и животите на граѓаните“, рече Заев.
Премиерот Заев апелира правобранителите да сторат сè што е во нивна надлежност да се динамизираат процесите на денационализација, да нема застои. Тоа, додаде Заев, ќе придонесе кон економски исплатливо користење на имотите кои се заглавени во тие случаи, од кое бенефит ќе имаат и државата и граѓаните на Република Македонија.
Државниот правобранител Стафа изрази надеж дека ваквата комуникација ќе продолжи со цел продлабочување на соработката, подобрување на условите, но и на ефектот од работата на Правобранителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

