Македонија
Заев со хеликоптер дојде во Прилеп, обвинува опозицијата
Неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи пишуваат дека премиерот Зоран Заев на денешниот настан за почнување на изградбата на новата градинка во Прилеп пристигнал со хеликоптер.
Оваа информација првично ја споедели пратеникот Петар Ристески, кој вели дека Заев бега од проблемите на народот.
„Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!! А како поинаку???
1. Патот Градско – Прилеп го прекина и сега е небезбеден поради тоа што фирмата „Рубау“ си замина бидејќи Заев и Сугарески му барале провизија?
2. Да ги избегне ТУТУНАРИТЕ што го чекаа да му се „заблагодарат“ за најкатастрофалниот откуп на тутун во последните 30 години. Тутунот земен беспари. Тутунарите излажани и ограбени.
800-1.000 тони тутун остана неоткупен. Првпат по 30-ина години.
3. Вработените во општинската фирма ЈП за ПУП, кои го чекаат „пресреќни“, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата, за мартовската ќе почекале!
4. Вработените од „Еурокомпозит“, кои „само што не почнале“ со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во Собранието!
И на крајот, семејствата на над 330 починати прилепчани и 7.131 заболен, кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и неукажана лекарска помош, се молат за помош во фирми не можејќи да ги платат прескапите цени од 2.300 евра за еден ден во приватните болници за своите животи.
A вакцини нема!
ЗАЕВ, МРШ ОД ПРИЛЕП“, напиша Ристески.
Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!
А,како поинаку???
1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради…Posted by Petar Risteski on Friday, April 2, 2021
Со коментар подоцна се огласи и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од Прилеп.
„Вие навистина повеќе не знаете каде терате! Денес, во Прилеп пристигна, ни помалку ни повеќе, со хеликоптер! Во градот во кој има најмногу смртни случаи како последица на Ковид-19, во градот кој благодарение на вас е мртов град“, напиша Лашкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

