Македонија
Заев со шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава: Сите учесници да преземат одговороност за кристално чисти избори

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОБСЕ предводена од Шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која.
На средбата се разговараше околу повеќе актуелни теми, со фокус на претседателските избори.
Заеднички беше заклучено дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни.
„Успех за нас ќе бидат кристално чисти фер и демократски избори. Како владејачка партија се обврзуваме на тоа и очекуваме од сите учесници да бидат одговорни. Се надеваме дека опозицијата нема да се обиде да ја закочи иднината на државата, ќе преземе одговороност и нема да го блокира вториот круг. Успешни избори отвораат голем простор реформите да продолжат, Република Северна Македонија да направи нов исчекор кон интеграцијата во ЕУ. Тоа е од интерес на сите наши граѓани“, рече претседателот Заев.
Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите активностите пред и за време на кампањата, работата на институциите. Како дел од набљудувањето, ОБСЕ/ОДИХР исто такаќе го следи и известувањето на медиумите за време на кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).