Македонија
Заев убеден дека Груевски нема да формира влада
Зоран Заев, лидер на СДСМ смета дека Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој го доби мандатот од претседателот да формира влада, нема да успее во тоа.
По главната судска расправа во Куманово, каде Заев е обвинет по приватна тужба од Владимир Цветковски, за незаконско објавување на прислушуваните материјали, одговарајќи на новинарско прашање околу формирањето на новата влада, Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го има мандатот за состав на новата влада, но оти е убеден дека тој не ќе може да ја формира владата.
Во врска со разговорите со Демократската унија за интеграција, Заев рече дека на средбата начелно било разговарано за позициите на двете партии и оти се најавени следни средби.
„На вчерашната средба како што соопштивме беше начелно зборувано за позициите на СДСМ и на ДУИ и не навлеговме во детали заради тоа што немаме нешто посебно што да соопштиме. Најавени се следни средби. Штом ќе се случат и како ќе течат разговорите, ќе ја информираме јавноста“, изјави Заев./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

