Македонија
Заев: Ќе бараме одговорност ако имало протекции за вработувања
Премиерот Зоран Заев пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ ги искоментира обвинувањата за непотизам при вработувањата во државните институции.
Тој рече дека дал инструкции да се направи анализа на сите постапки за вработувања.
„Ќе направиме анализа, ќе ги видиме постапките и секаде каде што има привилегии, протекции или какво било влијание, ќе бараме повлекување на работните места бидејќи сакаме да испратиме порака дека сите во општетството, дури и децата на некој функционер имаат шанса во Македонија“, рече Заев и додаде дека за колку места и да станува збор тоа треба да биде транспарентно и тие не бегаат од одговорност доколку биде утврден пропуст при вработувањата.
Денеска во јавноста излезе информација дека братот и синот на пратеничката Мира Стојчевска се вработиле во РЕК „Битола“ и во „ЕЛЕМ“, на што претходеа неколку вработувања на роднини на функционери и пратеници. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за вработувањето кадри од СДСМ во државната администрација рече дека два-три случаи на вработување не значат непотизам. Според Манчевски, сите членови на неговата партија 10 години биле најдискриминирани, па, така, го оправдува нивното вработување во јавниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана: Одлична прилика за зајакнување на напорите за приближување кон ЕУ
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија, присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“.
„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, вели Мицкоски.

Тој додава дека нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан.
Македонија
Студентските ваучери стартуваа, процесот се одвива брзо и без проблеми, трговците спремни но и залихите се трошат брзо
По повеќемесечни очекувања стартуваше програмата за студентските ваучери за 2025 година, а скоро 10.000 студенти веќе го подигнале својот одбран уред од економските оператори, што значи дека првите денови од програмата се со неочекувано голема реализација.
Според информациите од терен, интересот кај студентите е огромен и процесот на избор, резервација и подигнување на уредите засега функционира без застој.
Од ИТ-секторот велат дека се соочуваат со најголемиот прилив на млади купувачи во последните години, но додаваат и дека се подготвени многу подобро отколку кога било. Некои од поголемите трговци во технолошкиот сегмент веќе имаат имплементирано дополнителни системи за организација и оптимизирање на процесот.
Подготовките започнале уште пред три месеци
Од компанијата Анхоч која моментално има најголем број на искористени ваучери истакнуваат дека веќе неколку месеци работеле интензивно да создадат беспрекорен процес за реализација на студентските ваучери се со цел да може да одговорат брзо и ефикасно на барањата на студентите.
Во разговор за нашата редакција, од тимот на Анхоч велат:
„Целата кампања ја подготвувавме уште од летото, повеќе од три месеци. Почнавме со голема студентска анкета преку која го слушнавме мислењето на студентите. Не интересираше што им е потребно, што им недостига и што очекуваат од ваучерите. Врз база на таа анкета ја креиравме понудата за најпотребните уреди.“
Од таму дополнуваат дека уште пред официјалниот старт на ваучерите, бил лансиран системот за предрезервации, со цел студентите да можат со сигурност да го обезбедат точниот модел што го сакаат.
„Со предрезервациите им обезбедивме сигурност и ред. Илјадници уреди беа резервирани однапред, со што студентите обезбедија сигурна залиха, а избегнаа стрес и чекање. Со активирањето на ваучерите, за најбараните уреди, за во Скопје го активиравме и автоматизираниот систем за закажување термини каде секој студент добива сопствен линк, го бира датумот, времето и локацијата за подигнување.
Така сите се услужени навремено и без гужви“, појаснуваат од Анхоч.
Студентите задоволни
Првите реакции на студентите се позитивни. Голем број од нив веќе го подигнале и го искористиле својот ваучер и велат дека процесот за аплицирање и реализација е лесен и брз со исклучок на првиот ден кога имало спор одзив на веб страната за аплицирање.
Висока побарувачка
Со официјално најавени над 55.000 ваучери, ИТ секторот е под висок притисок, но компаниите уверуваат дека се подготвени за динамиката. Дел од моделите веќе се продадени но нови залихи пристигнуваат во следниот период.
Македонија
Изминатите четири дена уапсени седум лица за безобзирно управување на возило
Во периодот од (17/20.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2415 издадени платни налози, 435 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле седум лица, од кои шест за возење под дејство на алкохол, а едно лице за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 824 прекршоци за неправилно паркирање, 270 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 16 санкции за минување на црвено светло, изречени се 175 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 23 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 115 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 79 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 74 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 25 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за седум возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период.

