Македонија
Законите што Иванов ги враќа, ќе чекаат потпис од новиот претседател

Законите што претседателот Ѓорге Иванов ги враќа во Собранието, без да ги потпише, ќе чекаат на потпис од новиот претседател за да бидат објавени во „Службен весник“ и да стапат во сила. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинарите рече дека во случај да нема цензус ни на вториот круг претседателски избори, тој не ја исклучува можноста самиот да ги потпише како дел од должностите на в.д. претседател на државата. Цитирајќи го Уставот, Џафери изјави дека во случај да нема цензус, тој повторно може да распише нови претседателски избори во рок од 6 месеци.
Џафери рече дека нема намера да закажува седница по 1 април, без разлика на исходот од преговорите за СЈО бидејќи од претходно искуство пратениците ќе тераат кампања наместо да дискутираат за законите.
„И да се договорат сега, не можам да закажам таква седница зашто досегашната пракса покажала дека пратениците на такви седници си тераат кампања. Тоа нема да им го допуштам. Нека контактираат овој период, нека се договорат и нека ги надминат разликите за СЈО, нема проблем да закажам седница по 6 мај кога ќе бидат завршени претседателските избори“, рече Џафери.
Тој им порача на партиите и кандидатите да водат фер и достоинствена кампања на претстојните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.