Македонија
Почна кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“
Владата на Република Македонија им се приклучи на стотиците значајни знаменитости и институции ширум целиот свет коишто вчера блеснаа во портокалово во знак на поддршка на ставањето крај за насилството врз жени и девојки, што го означи и почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојки“.
Настанот, во организација на семејството на Обединетите нации и Владата на Република Македонија, на едно место ги собра претставниците од невладиниот сектор, дипломатскиот кор, како и локалните и меѓународните институции, кои ги истакнаа своите заложби и подготвеност за соработка при борбата против родово базираното насилство.
„Владата на Република Македонија е посветена на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените. Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање што се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото“, порача претседателот на Владата, Зоран Заев.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го потенцираше прогресот во акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција притоа потенцирајќи дека Владата веќе иницира измени на кривичниот законик, но и воспостави интерсекторска соработка и протоколи за третман на жртви на насилството.
„Без одлучност и конкретна акција секоја боја ќе остане само боја. Во следните 16 дена Владата ја осветлуваме во портокалово, по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Меѓутоа, против насилството врз жената треба да се бориме секој ден, да создаваме услови за препознавање на ризикот, пријавување и трајно извлекување на жените од насилната средина. Голема почит и благодарност кон сите оние кои секојдневно работат да им овозможат помош и поддршка на жените жртви на насилство. Секој од нас може да спречи насилство“, рече министерката Царовска.
„Едно поново истражување на ОБСЕ за насилството врз жените во државата покажува дека 14% проценти од жените биле жртва на физичко или сексуално насилство откако наполниле 15 години, од партнер или од друго лице. Околу 44% од жените биле жртви на психолошко насилство од интимен партнер, 3 од 10 жени биле жртви на сексуално вознемирување, а 1 од 10 жени тоа го доживеала во последните 12 месеци. 7% од жените биле следени од демнач. Многу долго, молчењето и стигмата овозможија насилството врз жените да продолжи, а отсуството на критика на самите наши општества дополнително ја влошува ситуацијата. Дојде време да го запреме ова“, истакна амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која.
„Ги повикуваме сите да направат сè што е во нивна моќ за да стават крај на семејното насилство, сексуалното вознемирување, раните бракови и сите форми на насилството врз жените. Насилството врз жените е извор на страдање за сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството“, изјави в.д. постојаниот координатор на Обединетите нации, Бенџамин Перкс.
Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Македонија се одбележува од 2014 година и има за цел да ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, и се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, и 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.
Во текот на овие шеснаесет дена ќе бидат реализирани бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење кои ќе ја споделат својата поддршка, бројни панели и работилници, како и низа активности во медиумите и на јавните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По„Безбеден град“ следна фаза „Безбедна земја“, најави Мицкоски
„Граѓаните без исклучок сакаат да имаат помалку сообраќајни незгоди, и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина, засега е имплементиран во Скопје, Куманово, Тетово и по коридорите 8 и 10. Анализите покажуваат дека три четвртини од прекршоците се направени во Скопје, но истовремено покажуваат и дека оние 110-150 илјади прекршоци, во овој тест период се намалени на 7-8 илјади“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во Собрание, прашан за тужбата поднесена од Зијадин Села до Уставниот суд за проектот „Безбеден град“.
„Некои работи едноставно и искусни политичари како Зијадин Села дали намерно, свесно или несвесно се обидуваат да ги направат такви да не соодветствуваат со реалноста. Мислат дека ако излезат во јавноста со пораки, дали биле против една етничка група, во насока на друга етничка група, ќе добијат политички поени, а на тие поени и некаков политички легитимитет. Но, фактите го зборуваат спротивното, колку повеќе има вакви настапи, толку повеќе назадуваме во политиката и помалку поддршка се добива од граѓаните“, истакна Мицкоски.
Нагласувајќи дека ваков систем постои во речиси секоја европска метропола, Мицкоски откри дека следна фаза, по „Безбеден град“, ќе биде проектот „Безбедна земја“
„Следува следната фаза, „Безбедна земја“, со којшто границите ќе ги обезбедиме, ќе имаме систем за рано детектирање на пожари, да ги најдеме виновниците коишто прават таков тип на хибридни напади врз државата и врз граѓаните, веднаш да ги детектираме и извадиме пред лицето на правдата. Систем со којшто криминалците нема да ни бегаат преку граница откако ќе сторат криминал, туку ќе бидат веднаш препознаени, фатени, санкционирани и однесени таму каде што треба да бидат.
Тоа е суштината на одговорна Влада. И тоа се храбри потези во политиката. Не се храбри потези уставни измени или на сила менување имиња. Ова е храбар потег, којшто ќе донесе квалитет во животот на граѓаните и ќе спаси човечки животи, тоа е храбар потег по цена и на политичка штета. Тоа се храбри и истовремено државнички потези“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
(Видео) Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.
„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.
Македонија
Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во врска со проблемите на македонските превозници.
„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме“, објави Николоски.
После протестите и силната офанзива изминатиот период, Брисе, додава тој, ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!

