Македонија
Почнува пријавувањето за 11-тото издание на „Авицена – женска трка“
Најголемата и најпозна трка за натпреварувачките од понежниот пол во земјата, „Авицена – женска трка“, на 9 април 2023 (недела) ќе го одржи своето 11-то издание во организација на Сојузот на спортовите на Скопје и под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка ги поттикнува учесничките на здрав животен стил и негување здрави навики, па затоа секое ново издание бројот на тркачки на стартната линија се зголемува.
Денес, во 12 часот, и официјално почнуваат пријавите за оваа трикилометарска трка, а секој што е заинтересиран има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2023. Котизацијата до 8 март 2023 ќе изнесува 300 денари, а до 4 април 2023 ќе изнесува 350 денари. При регистрација секоја спортска ентузијастка ќе може да си купи „драј фит’ маица со логото на трката како дополнителен продукт. Цената на маицата изнесува 500 денари и таа ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023 година.
Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена – женската трка 2023“ секоја натпреварувачка ќе може да го направи преку официјалната веб-страница на „Авицена – женска трка“ – www.zenskatrka.mk.
Сите што ќе се пријават до 30 март 2023 година нивното име ќе им биде испишано под стартниот број.
Најбрзите три натпреварувачки во генералниот пласман ќе добијат награди, а награди исто така ќе има и за првите три во неколку возрасни категории (според Chip Time).
Според возрасната категорија, учесничките ќе бидат поделени во 7 поткатегории, и тоа прва категорија до 12 години, втора категорија до 14 години, трета категорија до 18 години, четврта категорија до 30 години, петта категорија до 40 години, шеста категорија до 50 години и седма категорија над 50 години.
По завршувањето и прогласувањето на победничките, за сите натпреварувачки ќе биде организирана и лотарија на која ќе се извлекуваат стартните броеви од сите учеснички. Затоа организаторот ги повикува сите учеснички да останат до самиот крај на настанот, можеби ќе добие некоја награда од партнерите на трката.
Повеќе информации за „Авицена – женска трка 2023“ може да се добијат на официјалната веб-страница и на официјалните профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

