Македонија
Затворени за сообраќај неколку крстосници во Скопје поради генерална проба на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“

Во Скопје денеска од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку крстосници. Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација – земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“ планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст на РСМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.
Како што најавија од Министерството за внатрешни работи, од 9 до 14 часот затворени ќе бидат крстосниците: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од крстосница со ул.„Орце Николов“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“) и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.
Главниот настан ќе се одржи на 18. месецов (среда) во периодот од 09.00 до 14.00 часот поради што затворени за сообраќај ќе бидат крстосници: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“), сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас.
-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, најавува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.