Македонија
Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото
Во текот на летните месеци, кога температурите надминуваат 30 степени, долго седење или стоење често доведува до отекување на нозете, што може да биде многу непријатно. Големата топлина и појавата на оток ги мачи срцевите пациенти и луѓето со проширени вени, чии проблеми дополнително се влошуваат, додека здравите луѓе немаат причина за загриженост, туку само естетски проблем.
Наследниот фактор е важен фактор во создавање на проширените вени. Светските епидемиолошки студии наведуваат дека половина од популацијата го има овој проблем и се јавува почесто кај жените.Не можеме да избегаме од наследниот фактор, како и од долгото стоење и седење на работното место. Оперативниот третманот дава одлични резултати, но превенцијата е најдобриот начин во борба против проширени вени. Кога и да е можно, треба да избегнувате продолжено стоење и седење. Отекување на нозете, кое може да се појави како резултат на покачена температура на воздухот, може да го ублажите со повремено туширање со ладна вода, а лекарите советуваат и да ги кревате нозете за време на одмор.
![]()
Животните навики играат голема улога во развојот на проширени вени. Продолженото стоење и седење може да влијаат на нивниот изглед. Дебелината е исто така фактор на ризик. Тие се почести кај постарата популација, но може да се појават и на помлада возраст.Хормонални промени во пубертетот, бременоста и менопаузата исто така имаат влијание за создавање на проширени вени.
Чувството на „тешки нозе“ може да биде придружено со појава на ноќни грчеви,чешање, горење, оток, “нервозни нозе”. Болеста на проширен вени е состојба која полека, со текот на годините, напредува и се влошува. Видливите “јазли” на крвните садови (варикозитети) на нозете се последица на проширени поткожни вени. Во некои, може да се појави и воспаление на површните вени со тромбоза (тромбофлебитис). Во текот на годините кожата страда, па може да дојде до отворање на рани (чиреви) на подколениците што со години не заздравуваат, се додека проблемот со проширени вени не реши.
Совети
Пешачењето е исто така добар пријател на вените затоа што се подобрува циркулацијата. Се препорачува брзо одење или одење со брзина што е најсоодветна, во зависност од здравствената состојба. Рекреативното одење има побрзо темпо од вообичаеното шетање. Оптималниот тренинг вклучува минимум 20 минути одење, со 70 до 120 чекори во минута, додека вредноста пулсот треба да биде 120 / мин. За да се постигне целосен ефект на одење, држете го телото исправено со малку напнати мускули на задниот дел. Опуштете ги рамената за да можат рацете слободно да се движат.Дишете рамномерно и длабоко така што вдишувате низ носот а издишувате низ устата.За време на одење, мускулите на ногата пумпаат крв према срцето и на тој начин се спречува задржување на течности во долните делови
Лекување
Лекувањето започнува со испитување и утврдување на степенот на оштетување на површнскиот венски систем. Ако станува збор за личност со зголемене телесната тежина, се советува хигиенско-диетален режим и физичка активност. Се препорачува носење на еластични чорапи, кои пациентите ги носат многу поретко во текот на летните месеци, иако би требало да се носат секојдневно и да не ја прекинуваат терапијата. Употреба на препарати на база на хепарин односно Hepathrombin како во форма на крем и гел, е добар избор во текот на летните месеци, бидејќи тие се ефикасни во превенцијата и терапијата на проширени вени, ја ублажува болката и отокот, а во исто време и пријатно лади.Наведените совети се за превенција и третман на проширени вени иоток, кои можат да ви помогнат да бидете облечени во складот на сите временски узлови без оглед на естетскиот проблем поради летните горештини.
Уживајте во своите здрави нозе.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

