Македонија
За викенд облачно со врнежи од дожд, а на планините снег
Времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
В недела и v понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има в недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а в среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

