Македонија
„За заедничка Македонија“ го осудува нападот врз новинарите и бара да се најдат напаѓачите
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во вторникот вечерта објави дека го осудува инцидентот кога на крајот на денешниот протестен марш во нивна организација, беа нападнати новинарите на порталот А1он, кои беа префрлени во скопскиот Ургентен центар
„Го осудуваме инцидентот за кој јавуваат дел од медиумите. Апелираме на избегнување и воздржување од провокации од секоја страна и од секој поединец. Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите со цел да се откријат вистинските мотиви и позадината на истиот. Ние сме тука за Македонија, за Заедничка Македонија, и од тоа нема да отстапиме…“, се наведува во објавата на иницијативата.
Како што беше објавено претходно двајца новинари на порталот А1.он, снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски се брутално нападнати од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието. Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на А1.он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.
„Со тупаници по глава и по телото вечерва беа нападнати снимателот и новинар на А1он од демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар. Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото. Граѓанската иницијатива ‘За заедничка Македонија’ која е организатор на протестот очигледно не успеа да ги заштити медиумските работници, А1он ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување“, објави во својата реакција порталот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

