Контакт

Македонија

(Видео) За неполна година поднесени 33 кривични пријави против полицајци и вработени во МВР

Објавено пред

Министерот Оливер Спасовски во обраќањето на денешната дебата организирана од „НВО инфоцентар“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права рече дека целта на реформите кои во МВР не е само за да се донесат нови закони или измени, туку овие законски решенија да добијат практична примена.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, токму на една година од крвавите настани во Собранието, зборуваме за надворешната контрола над полицијата.  Ако се потсетам на овој ден во 2017 година, а како еден од учесниците и една од целите на напаѓачите, имам на што да се потсетам. И од друга страна, кога ќе погледнам наоколу и гледам за што денес дискутираме и во каква атмосфера, навистина се чувствувам задоволно“, рече министерот Спасовски. Како една од жртвите на овој настан, рече Спасовски, не сакам да побудам сожалување или симпатии кај вас, туку сакам да ја испратам пораката дека граѓанското општество е многу битен сегмент во нашето општествено живеење.

„И можеби тој нема своја формална позиционираност во уставното уредување на нашата земја, но верувајте дека е суштински за контрола за тоа каде се движиме. Затоа дебатите мора да бидат аргументирани, неоптоварени со лична нетрпеливност, политички несогласувања или обиди за клиентелизам. Кога го почнав мојот трет мандат како министер за внатрешни работи, ама прв со целосни надлежности, се определивме за неколку клучни реформи: реформа на системот на следење на комуникациите, реформа на контролата на полицијата и внатрешни реформи и оспособување на капацитетите и опременоста на полицијата.

Министерот Спасовски сподели и податоци за работата на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди. „За периодот од јуни 2017 до 15 април 2018 година, поднесени се 31 кривични пријави против 33 сторители за вкупно 36 кривични дела. Тие се пријавени за ‘злоупотреба на службена положба и овластување’,  ‘употреба на исправа со невистинита содржина’, ‘несовесно работење во службата’, ‘изнуда’, ‘уништување или прикривање на необработен архивски материјал’, ‘лажно пријавување кривично дело’, ‘насилство’ и ‘фалсификување исправа’,  ‘загрозување со опасно орудие при тепачка или караница’, ‘телесна повреда’, ‘примање поткуп’ и ‘помагање во врска со измама’. Ова се податоци само за поднесени пријави за кривични дела, а Одделот во периодот од 1 јули 2017 до 1 април 2018 иницирал поведување на дициплинска постапка против 291 вработен“, рече Спасовски.

„Земајќи ги предвид сериозните забелешки на меѓународни, но и домашни организации, за постапувањето на полицијата и особено за инструментите за нејзина контрола почна проект кој имаше за цел зајакнување на овие капацитети“, рече Спасовски.

„Спасовски рече дека се воспоставува зајакнат систем на надворешен механизам кој ќе гарантира непристраност и објективност во оценувањето и контролата над работата на полицијата. Со новината која се воведува се предвидува законска можност и обврска по прием на кривичната пријава дека работник на Министерството со статус на полициски службеник или овластено службено лице сторило кривично дело, Министерството без одлагање да го извести Одделението за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија

Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти

Објавено пред

Од

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.

Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.

Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.

Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.

Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/

 

фото/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Објавено пред

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.

dobivaj vesti na viber

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите

Објавено пред

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.

Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија3 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија3 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија3 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија4 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија4 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија4 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија4 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија4 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија5 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа6 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет7 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет7 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет7 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет8 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија22 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија23 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ1 ден

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија1 ден

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...