Македонија
За стент на лакот на аортата повеќе не мора да се оди во Грција или Словенија, Државната кардиохирургија ја направи првата операција
Универзитетската клиника за државна кардиохирургија првпат стави стент на лак на аорта кај пациент со аневризма на лакот на аорта. Оваа специфична метода лекарите од Државната кардиохирургија велат дека во регионот се изведува само во Грција и Словенија за пациенти што се високоризични. Се изведува со полесна анестезија и пациентите покусо време остануваат во болница.
„Се работи за специфична метода, првпат во Македонија, а и пошироко, ставаме стент на лакот на аортата кај болест што се вика аневризма на лакот на аортата. Станува збор за многу сериозна болест со многу висока смртност доколку не се лекува. Кај нас на Клиниката досега се работи рутински, хируршки отворено лакот на аортата како метода и хибридно се работи, но првпат ние ставивме стент на лакот на аортата. Оваа метода се практикува кај пациенти што имаат висок ризик од операција, односно ние проценуваме дека не може да издржат хируршки третман“, рече доктор Никола Лазовски, специјалист по општа и супспецијалист по васкуларна хирургија на Клиниката за државна кардиохирургија.
Стентирањето го извеле кај пациент за кого процениле дека е високоризичен. Пред вградувањето на стентот пациентот имал операција за подготовка.
„Првин се направи бајпас – премостување на крвните садови за мозокот и за рацете, а една недела подоцна се реализира оваа процедура со два мали, по три сантиметри, резови на двете раце и еден рез од 5-6 сантиметри во едната ципа. Така се пласира стентот. Четири дена по интервенцијата, пациентот си отиде дома. Сега е на домашно лекување. Беше веќе на две контроли и сите параметри, компјутерската томографија, лабораториските параметри и клиничкиот наод, укажуваат на позитивен исход. Кај него сè е во најдобар ред во моментот“, вели Лазевски.
Оваа метода било овозможено да се прави кај нас со отворање на хибридната сала, која беше промовирана во мај годинава. Од Клиниката велат дека планираат да воведат уште цела низа нови методи во хибридната сала, кои ќе помогнат во лекување на болестите на артериите и вените преку стентирање.
Директорот на Државната кардиохирургија, Марјан Шокаровски, кој беше назначен откога министерот Фатмир Меџити го разреши од должноста кардиохирургот Сашко Јовев, најави нов оддел на Клиниката.
„Во план е проширување на капацитетите и проширување на дејноста на нашата клиника со еден нов оддел, специфичен за срцева слабост, со што би ги подобриле условите за лекување на тие пациенти. Тие пациенти би ги централизирале, би ги поставиле да бидат видливи затоа што третманот за нив треба да почне во раната фаза. Треба да бидат следени и да добијат соодветен третман. Во соработка со Клиниката за кардиологија би отвориле таков оддел, кој би имал и посебна амбуланта и таму би биле опфатени сите делови од лекувањето. Од фармаколошка терапија, дијагностика до најсложените хируршки зафати, вклучувајќи и трансплантација на срце“, рече директорот Шокаровски.
На Клиниката продолжуваат и со сите други програми, како хибридните процедури за изведување и решавање на патолошките состојби на лакот на аортата, минимално инвазивните процедури за замена или поправка на срцевите валвули, минимално инвазивни процедури за аортокоронарно премостување и така натаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

