Македонија
Здравствениот систем во земјата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус
Здравствениот систем во државата е подготвен да одговори во случај на импортација на лица со коронавирус. Редовно се врши проверка на патниците на скопскиот аеродром со термалната камера, а покрај патниците што доаѓаат со летовите од Истанбул и Дубаи, на скопскиот аеродром се скенираат и патниците кои доаѓаат со лет од Доха, велат од Институтот за јавно здравје.
Оттаму додаваат дека викендот е извршена и проверка на двајца патници, кои пристигнале со лет од Белград. Граничната полиција утврдила дека доаѓаат од Кина и по проверката од аеродромската здравствена екипа било констатирано дека патниците се здрави, без никакви симптоми и се пуштени со препораки, посочи денеска д-р Гордана Кузмановска од Институт за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести.
Во моментов, се врши зајакнување на резервите за лична заштитна опрема и веќе е во процедура набавката на заштитна опрема, како што се маски, ракавици, очила, заштитни мантили и друга заштитна опрема, согласно препораките на Светската здравствена организација и процедурата за клинички менаџмент на пациенти и контрола и превенција на болеста.
„Согласно препораките на СЗО, државата презема мерки за задршка, односно за спречување на импортирање на случај. Досегашните сознанија за самиот вирус ни укажуваат дека иако не ги знаеме комплетно сите карактеристики на вирусот и начинот на негово пренесување, граѓаните треба да ги почитуваат препораките за заштита, како што се избегнување близок контакт со лица кои имаат респираторни симптоми, кашлање, кивање, почесто миење раце со сапун и топла вода, да се стави маска доколку во близина има лице со симптоми на респораторно заболување, како и да не се доаѓа во контакт со животни ако се патува во Кина“, посочи д-р Кузмановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

