Европа
Здравствен извештај на „Штада“ за ноември 2022 година – Европејците ги загрижува сезоната на грип
Зголемениот страв од секаков вид вирусни инфекции е една од последиците од пандемијата на Ковид-19, покажува здравственото истражување на компанијата „Штада“, кое опфати над 30.000 испитаници во 15 земји, меѓу кои е и Србија.
Ладните есенски денови ја отвораат сезоната на настинки и грип. По две години пандемија со ковид, многумина Европејци чувствуваат непријатност и на самото спомнување на поимот вирусни инфекции, стравуваат и од нови мутации на вирусот корона и од други слични инфекции.
За третина маските се посакувани
Во Србија, резултатите на истражувањето на „Штада“ покажуваат дека 45 % од граѓаните имаат намера и понатаму да држат растојание како мерка за заштита од респираторни инфекции, 36 % ќе продолжат редовно да ги дезинфицираат рацете, а третина од нив секојдневно ќе носат маски.

Иако маските во повеќето земји веќе не се задолжително средство за заштита, многу се посакувани и меѓу Шпанците – 52 %, Португалците – 44 % и Италијанците – 41 %.
Истражувањето открива и дека денес 43 % од Европејците се загрижени како ќе реагира околината доколку киваат и кашлаат во јавност. Оваа грижа е посебно изразена меѓу Австралијците (55 %), Португалците (53 %) и Србите (52 %), додека за туѓото мислење по ова прашање помалку се грижат Германците (39 %), а уште помалку Шпанците (30 %).
Србите ги сакаат додатоците во исхраната
Водејќи се од народната поговорка подобро да се спречи отколку да се лечи, Европејците најчесто земаат витамински и минерални суплементи за да го зајакнат имунолошкиот систем и да избегнат кашлање, кивање или зголемена температура. Додатоците во исхраната, доколку се земаат редовно и во препорачаната доза, секако дека можат да бидат поддршка на јакнењето на одбранбената сила на организмот. Истражувањето на „Штада“ покажува дека витаминските и минерални препарати се најпопуларни во Источна Европа и на Балканот. Почесто ги користат жените (54 %) отколку мажите (44 %).

Граѓаните на Србија предводат во наклоноста кон додатоците на исхрана, па дури 69 % од нив земаат препарати за јакнење на имунолошкиот систем. Во чекор ги следат Чесите со 66 %, Романците со 64 % и Полјаците со 59 %.
На овој вид превенција помалку се склони Германците со 26 %, Французите со 26 %, Холанѓаните со 24 %, Белгијците со 23 %, Австријците со 22 %. Сепак, само нешто помалку од една петтина (18 %) од возрасните Европејци велат дека не земаат никакви додатоци во исхраната.
Кога се во прашање природните лекови и растителни препарати, нив ги користат само 26 % од Европејците во одбрана од вирусни инфекции. Истражувањето во овој случај покажа дека најголеми поборници за природните лекови се граѓаните на Романија со 45 % и Србија со 41 %.
Антрфиле
Веќе деветта година по ред, мултинационалната компанија „Штада“ организира испитување на јавното мислење на европската популација по прашањето за здравствените навики и односот кон здравјето. Со Здравствениот извештај на „Штада“ за 2022 година, опфатени се 15 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина
Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани „силните безбедносни гаранции за цврст и траен мир“ во Украина, вклучително и распоредување на мултинационални сили по прекин на огнот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.
Безбедносните гаранции што земјите од коалицијата, првенствено европските, планираат да ги обезбедат со поддршка од САД по евентуалното завршување на непријателствата „се клучни за да се обезбеди дека ниту еден мировен договор никогаш не може да значи предавање на Украина и дека ниту еден мировен договор никогаш не може да значи нова закана за Украина“ од Русија, изјави Макрон на прес-конференција.
Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа политичка декларација што вклучува распоредување на мултинационални сили по прекин на огнот во Украина.
Претставници на 35-те земји-членки на Коалицијата на волните се собраа во вторникот во Париз за да разговараат за начините за одржување на мирот во Украина во случај на прекин на огнот. Зеленски зборуваше на состанокот, а учествуваа и американскиот претставник за преговори со Русија, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, еден од преговарачите.
Зеленски по состанокот изјави дека сојузниците од Киев го дефинирале начинот на кој европските сили за одвраќање ќе дејствуваат во Украина по прекинот на огнот, како и кои земји ќе учествуваат во него.
Тој додаде и дека Украина водела конкретни разговори со САД за следење на прекинот на огнот и дека смета на наскоро потпишување на безбедносните гаранции.
Некои земји, исто така, веднаш по состанокот изјавија дека нема да испраќаат војници, вклучувајќи ја и Италија, додека Шпанија и Европската Унија изјавија дека имаат намера да го сторат тоа.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека ги информирала европските сојузници на Украина и американските претставници дека ја исклучува можноста за испраќање италијански копнени сили како дел од безбедносните гаранции во Киев во случај на прекин на огнот со Русија.
„Потврдувајќи ја италијанската поддршка за безбедноста на Украина, премиерката Мелони ги повтори клучните точки од ставот на италијанската влада, особено исклучувањето на можноста за распоредување италијански копнени сили“, објави нејзиниот кабинет во соопштение по состанокот.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека германските сили би можеле да учествуваат во меѓународните сили, но надвор од Украина.
Шпанија, од друга страна, објави дека ќе предложи учество на својата армија во консолидирањето на мирот во Украина по постигнувањето прекин на огнот, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на прес-конференција во вторник по состанокот во Париз.
„Шпанската влада ќе предложи да ја отвориме вратата за воено учество во Украина“, рече Санчез, додавајќи дека ќе ја разговара можноста со главните политички партии во земјата.
Порака од Брисел
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во вторник изјави дека Европската унија е подготвена да го поддржи мировниот договор во Украина со цивилни и воени мисии на терен.
„Ќе помогнеме преку цивилните и воените мисии на Европската унија на терен. Украина мора да биде во најсилната можна позиција пред, за време и по какво било прекин на огнот“, рече Коста по состанокот со Зеленски во Париз, одржан како дел од самитот на коалицијата на волните.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.

