Македонија
Здружението на музичарите: Не бараме милостина, бараме да си го заработиме лебот со музика

„Во сите протоколи што до денес ги предложи Комисијата за заразни болести, а се однесуваат на музичките настапи, не бевме контактирани ниту еднаш. Од таму излегоа смешните ограничувања за музика изразени во децибели, ние сме на работ на егзистенција и бараме веднаш да се преземат мерки за да можеме да работиме“, беше изложено на денешната прес-конференција на Здружението за унапредување на правата на музичарите.
Тие бараат итна средба со сите релевантни институции за да се дефинираат протоколите за концертни и клупски настани, ревизија на досегашните протоколи и Владата и Министерството за култура да продолжат да одвојуваат дел од годишните општински буџети за организирање музички настани.
Исто така, се надеваат дека ќе добијат правична застапеност на македонските музичари во медиумите, особено во електронските, за да може да остваруваат неколку проценти поголеми приходи од Здружението за заштита на авторските права.
Според Здружението за унапредување на правата на музичарите, во моментот повеќе од 20.000 музичари се без никаков приход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.