Македонија
„Зелена лупа“ поднесе иницијатива за утврдување одговорност на тројца судии
Здружението „Зелена лупа“ поднесе иницијатива до Судскиот совет за утврдување одговорност на тројца судии – Гордана Ѓорчева, претседателка на советот на Апелација, Радица Васиљевска и Фатмир Скендер, членови на советот.
„Согласно обработените податоци од страна на експертите ангажирани од ‘Зелена лупа’, станува збор за сторено грубо прекршувања на законот со нестручно и несовесно работење во случај – Срѓан Захариевски против ФК ‘Силекс’. Во овој случај Судечкиот совет при Апелација пресудува спротивно на одредбите на Законот за спорт и Законот за извршување и поништува одлуки на сите претходни судски инстанци кои своите одлуки ги донеле согласно закон. Овие судии со прекршување на законот за спорт донесен 2011 година ја овозможија намерата на тогашната влада за бесплатно преземање и избегнување на плаќање на долговите обврските кон доверителите согласно законот, во комбинација со новиот закон за ослободување од данок, и бесплатно водење на популарни спортски клубови на до неа блиски бизнисмени“, изјави Васко Тодоровски, извршен директор на Здружението.
Според него, ова оставило многу фудбалери, ракометари, кошаркари и тренери, како и правни лица добавувачи и агенции да не можат да си ги наплатат своите побарувања од клубовите со вкупна вредност од неколку милиони евра.
„Во конкретниот случај, Ѓорчева со нејзиниот совет покрива измама од страна на ФК ‘Силекс’, кој присвоил повеќе од 300.000 евра кои му припаѓаат на фудбалерот Захариевски, што е констатирано од сите претходни судски инстанци во процес кој трае 20 години“, кажа Тодоровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

