Контакт

Бегството на Груевски

„Зелена лупа“: Судот и Јавното обвинителство се виновни за бегството на Груевски

Објавено пред

Одговорни за бегството на експремиерот Никола Груевски се судот и Јавното обвинителство, а не Министерството за внатрешни работи, смета здружението „Зелена лупа“. Од таму исто така додаваат дека причина за бегството на Груевски е и тоа што претходно Основното јавно обвинителство не утврдило кривична одговорност кај судиите што одлучувале за притворот на Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои неколку месеци се во бегство, а се обвинети во предмет на СЈО.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со бегството на Грујовски и Бошковски (Неџби и Христо), Здружението ‘Зелена лупа’ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за инволвираните судии кои требало да постапат по законот и да го спречат бегството. Кривичната пријава е одбиена како неоснована. Од страна на здружението поднесени се и иницијативи за утврдување одговорност за инволвираните судии до Судскиот совет на РМ. Одлука сè уште не е донесена. По ваквото однесување на Јавното обвинителство и на Судскиот совет, се случи уште едно бегство. Бегство на поранешен премиер, осуден на 2 години затвор и обвинет во уште неколку случаи, каде што му се закануваат високи затворски казни“, велат од „Зелена лупа“.

Како причини за бегството на Груевски, здружението ги наведува неутврдувањето одговорност кај инволвираните судии во претходните случаи и отфрлањето на кривичната пријава.

„Со неутврдувањето одговорност инволвираните претставници на државата во кривичните постапки (судии и обвинители) беа стимулирани да се однесуваат сосема индифирентно и во случајот со Никола Груевски. Ја информираме јавноста, со основна цел, да го впери прстот во Јавното обвинителство и во Судскиот совет на РМ како главни виновници за бегството на поранешниот премиер. Барањата на одговорност од МВР за овој случај се неосновани затоа што МВР постапува по наредби од суд и јавен обвинител“, велат од „Зелена лупа“.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение кое спаѓа под кривична...

Македонија1 час

„Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди...

Македонија2 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет3 часа

Протекоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет3 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа3 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет4 часа

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет16 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија19 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија21 час

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија22 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија24 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија1 ден

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет1 ден

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет1 ден

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...