Контакт

Македонија

Зеленски: Подготвуваме договор со Унгарија, кој содржи и безбедносни прашања

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека се подготвува билатерален договор меѓу Украина и Унгарија, кој вклучува безбедносни прашања и пристапување на Украина во НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Во тек е подготовката на билатералниот договор меѓу Украина и Унгарија. Има многу работи за да се разјаснат недоразбирањата или да се одговори на минатите, сегашните и идните предизвици. Значи, прашањето за малцинствата не се поставува. Поточно, тоа прашање може да се иницира, но треба да се направи бргу за да се реши и да нема несогласувања меѓу нашите земји.

Дел од овој документ, рече тој, е безбедноста.

Македонија

Мицкоски до Спасовски: Божиновска е поголема Македонка од сите вас

Објавено пред

„Господине Оливер Спасовски, да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија, затоа што, тоа што она го има на професионален план во енергетиката направено не можете ниту да го сонувате, а камоли па да се приближите“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Оливер Спасовски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Мицкоски додаде дека за разлика од Спасовски кој делел македонски пасоши на белосветски криминалци, министерката Божиновска има долгогодишно работно искуство, а за неа како што рече знае светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина.

„Нејзината биографија и нејзините постигнувања, се нешто за кое што барем можевте да излезете овдека и да кажете секоја чест за стручноста и за личното портфолио. И сега се доведуваме во ситуација, да е грев ако сме успешни. Се доведуваме во ситуација да зборуваме работи, кои што навистина немаат никаква врска, ниту па јавноста ја интересира, во врска со тоа кое што го води Сања. Еве јас ќе ви кажам бидејќи ја знам долго време, да речеме 12-13 години. Верувајте ми за нејзе знаат светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Додека имавме политичари во македонската влада, кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Тоа е ваша работа, тоа е директен ваш ресор и за тоа ќе ве напаѓам, ќе барам одговорност. Бидејќи го споменавте Панче Тошковски, ќе барам одговорност за тоа што сте го правеле, тогаш ќе барам одговорност. Сега да зборуваме за работи кои немаат никаква врска со енергетиката, ниту со рударството. Ниту со минералните суровини. Знаевте кои фирми носат јаглен во РЕК Битола и Осломеј. Знаевте? Знаевте кои носеа транспортни траки во РЕК Битола. Требало како МВР да го истражите тоа, бидејќи стигаа информации до вас, стигаше гласот, ние како опозиција зборувавме. Еве два реда позади вас еден поранешен ваш член од вашата влада ќе ви каже, за работи кои немаат никаква врска. Тоа била ваша работа, се надевам дека повторно никогаш нема да ви биде бидејќи тоа што таму го направивте е полошо и од најголемиот дебакл, кои што и се случи на Македонија. Ако вие сте постапувале, место да дават пасоши на светски нарко картели и лидери на такви нарко картели, и сте се фокусирале на тоа што ви е работа да истражите, зошто преку програмата за ФИТР се спонзорираа иновативни методи за креирање пица, вода за пиење, слично, кои носи јаглен, како се носи јагленот, кои врши ископ, како се врши ископ, зошто се плаќа вака, зошто ЕЛЕМ има најмногу договори во четири очи, тогаш ќе ви станело јасно, зошто денес имате 18 пратеника, а на следните избори, прашање е дали ќе имате двоцифрен број на пратеници, ако вака продолжите. Ваша работа била господине Спасовски да утврдите зошто фирми враќале данок на додадена вредност, пријавувајќи лажна консигнација, а празни магацини. Ваша работа било тоа господине Спасовски, не била моја. Ние како опозиција сме зборувале, немојте ова да го правите, немојте господине Спасовски, еве допрел до вас гласот, истражете, вие не сте го работеле тоа. Тоа е господине Спасовски ваша работа. Ќе ви дојде господинот Пекер, да му кажете не благодарам, а не лична карта да му вадите во 11 часот навечер во Драчево. И оние службеници таму кои што преземаат дело заради вас, по две три години што беа во затвор за патни исправи на српски кланови и на македонски кланови, кои што се занимаваат со криминал и корупција. Вие господине Спасовски треба да одговарате за тоа. И ако за тоа нема одговорност, тогаш да ќе барам одговорност. Тоа е работата господине Спасовски за која вие треба да се грижите. Кој каква имал самосвест, што имал самосвест, јас ви кажувам и ви гарантирам и ви потпишувам, дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Запишете го ова. Јас ова ви го кажувам и ви потпишувам да знаете. Заедно седиме тука се бориме и Македонци и Албанци и левичари и десничари, заедно сме во иста влада и работиме за еден интерес, за една кауза, тоа се вика Македонија. И ќе продолжиме да се бориме, нема да застанеме“, кажа премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: СДС остави празен буџет, ВМРО-ДПМНЕ одржа лекција како се сака Македонија со дела и реализирани проекти

Објавено пред

„За 120 дена покажавте како се сака Македонија, а тоа е со дела и реализација на проекти, односно со исполнување на ветеното од изборите на кои граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Имаме континуитет на изборните ветувања, односно нивно преточување во конкретни проекти во интерес на граѓаните“ изјави Ковачки на денешната седница за пратенички прашања на Собрание.

dobivaj vesti na viber

Исто така Ковачки додаде дека и покрај празните каси кои ВМРО-ДПМНЕ ги наследи, сепак Владата не бара изговори туку прави конкретни дела во интерес на доброто на граѓаните.

„И покрај катастрофалната состојба на наследениот буџет во кој немаше пари за пензии, а некои претпријатија со месеци трпеа за плата сепак не баравте оправдувања туку преминавте на конкретни чекори. Успеавте да обезбедите повисоки пензии и да ги исплатите заостанатите плати, да постигнете историски договор за платите на наставниците , да ја проширите позитивната листа на лекови, да обезбедите учебник за секое дете“ рече Ковачки.

Ковачки истакна дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во инфраструктурни проекти, но и врши нивна реализација, за разлика од претходната власт која што ваквите проекти и служеле исклучиво како печатница за пари.

„ Од друга страна деновиве гледаме како претходната власт душмански постапувала со народните пари преку формирање на фирми на ДУИ и СДС, за испумпување на милионски суми од фондот за иновации и технолошки развој“ дополни Ковачки.

Првото прашање на Ковачки до Претседателот на Влада беше во однос на начинот на распределба на средствата за секоја општина и дополнително дали ќе има нов повик за да може опшините да аплицираат на нови проекти.

„Како одеше распределбата на парите за секоја општина и дали средствата се доделуваат врз основа на специфични потреби и проектни барања на општините, или можеби врз распределбата влијаеле други причини?Дали ќе има нов повик за искористување на средства за нови проекти, доколку има кога е тоа предвидено?“ праша Ковачки.

Второто прашање се однесуваше на  Стратегијата 2050 година, и подетално објаснување за истата како и кои механизми се предвидени за општ консензус, бидејќи антимакедонски елементи на СДС биле против оваа стратегија иако нејзината цел е визија за долгорочен напредок за земјава.

„Во вашиот говор на 23 октомври најавивте иницијатива за долгорочна стратегија за наредните 30 години со акцент на консензус меѓу сите релевантни општествени чинители и институции во земјата. За каква стратегија всушност станува збор и кои механизми ги планирате за општ консензус?“ 

Третото прашање беше поврзано со патувањето во САД  на самит на НАТО, каде СДС јавно обвинија за низа неправилности во патувањето, иако Антикорупциска комисија потврди дека нема злоупотреба на јавни средства, праша дали СДС  се извинија за клеветите и навредите по ваквата одлука на комисјата.

„Веднаш после формирањето на владата заминавте на пат за САД на самит на НАТО, СДС јавно обвинија за вашето патување во САД и покренаа прашање за транспарентноста и трошоците на ова патување. Дополнително тие во својот напад вклучија и членови на вашето семејство, што придонесе за засилување на дебатата во јавноста и непотребно подгреа политичка полемика.

Она што дополнително го засили интересот на јавноста е фактот дека случајот беше разгледан и од страна на Антикорупциска комисија која донесе одлука со која се затвори прашањето потврдувајќи дека нема злоупотреба на јавни средства ниту конфликт на интереси за ова патување. Дали јавно Ви се извинија за клеветите и навредите по ваквата одлука на комисјата?“ , заклучи Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски до Мицковски: Безбедноста на граѓаните е загрозена, ќе побарате ли оставка од Тошковски?

Објавено пред

Откако ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски дојдоа на власт, сериозно е нарушена безбедносна состојба во земјата. Само во октомври, за неполн месец, имаше 5 инциденти со пукање, а над 25 вооружени инциденти кои се случија во изминатите 4 месеци, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на седницата на пратенички прашања.

dobivaj vesti na viber

– Пред три дена имаше пукање од автоматско оружје во Чаир, пред една недела, исто така имаше пукање на Скопската обиколница, потоа пред две недели, имаше пукање во Чаир, каде што директно беше и помилуваниот наркобос, Барон, кој беше вмешан во тој инцидент. Сето ова е во октомври. Исто така, на почеток на октомври се пукаше во Чаир каде беше повредено 19 годишно момче, а се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, имаше пукање и во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка, рече Спасовски.

Тој јавно го праша Мицковски, дали по сите овие вооружени инциденти, ќе побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дали ќе поднесе оставка или пак Мицковски ќе поднесе предлог за разрешување на министерот.

– Мицковски како претседател на владата излезе со став дека се подготвува сериозно нарушување на безбедносната состојба во земјата, некаде на есен, од страна на одредени групации и поединци за кој до сега не добивме никаква конкретна информација. Доколку тоа е во истрага нема да се соопшти, но доволно е да се соопшти дека е отворена постапка против тие, затоа што не треба да чекаме да ни се случи дестабилизација на безбедносната состојба, па дури тогаш да реагираме, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт...

Македонија3 часа

EУ ни забележува за носењето закони по скратена постапка, Гаши вели дека Собранието е подготвено за уставните измени

Собранието е подготвено за уставните измени, потребна е само политичка волја, истакна собранискиот спикер Африм Гаши по добивањето на извештајот...

Македонија4 часа

Недостигот од 20.000 учебници во Тетово за Јаневска не е реален: Не ги пријавувале оштетените учебници за да ги поштедат родителите

Големо недоразбирање е проблемот со недостигот на учебници во Тетово откога општинските власти јавно се пожалија дека во училиштата недостигаат...

Македонија4 часа

Кривична против ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска за злоупотреба на службена положба и овластувањето

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација, со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал,...

Македонија5 часа

„Изјавувам дека имам бугарскa самосвест и бугарско потекло“: министерката Божиновска пред 20 години ја потпишала изјавата, објавија бугарските медиуми

Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и...

Македонија7 часа

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ-сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира, бара СДСМ

„Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и...

Свет7 часа

Зеленски остро ги критикува САД: „Како излезе тајниот план? Беше доверлив“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека побарал од Соединетите Држави ракети со долг дострел Томахавк за да помогнат во поразот...

Свет7 часа

(Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек, а...

Македонија8 часа

Странец осомничен за давање поткуп на Блаце, Обвинителството достави предлог за притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил...

Европа8 часа

(Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница

Шпанија се справува со последиците од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа. Последниот извештај на властите на...

Свет18 часа

(Фотогалерија) Шпанија низ фотографии по смртоносното невреме

Најмалку 95 луѓе загинаа во невремето и разорните поплави во источна Шпанија, соопштија локалните власти. Тоа е најсмртоносната поплава во...

Македонија22 часа

Мицкоски: Европскиот извештај како најголема слабост повторно ги посочува правосудството и реформата на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски го доби извештајот на Европската Комисија кој се однесува на напредокот во изминатата година. Со извештајот, како...

Македонија23 часа

Сиљановска-Давкова го доби извештајот на ЕУ: „Институциите ќе посветат внимание на препораките и насоките“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде...

Регион1 ден

Вархељ: ЕУ го задржа и зајакна моментот на проширување во текот на 2024 година

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархељ, денеска соопшти дека го претставил Пакетот за проширување за 2024 година. Тој посочи дека...

Македонија1 ден

Наставниците следната недела ќе добијат плати повисоки 5 отсто, а во март ќе добијат дополнителни 7 проценти, најави Мицкоски

Октомвриската плата на вработените во образованието, која ќе биде исплатена на почетокот на ноември, ќе биде поголема 5 отсто, а...

Македонија1 ден

Петровска: ДПМНЕ стави тренер по кикбокс за директор на АНБ и нè почестија со фалсификуван сертификат

„Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик...

Европа1 ден

(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија, владее хаос

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија оваа европска земја. Досега се извлечени телата на...

Македонија1 ден

ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци...

Македонија1 ден

Две директорки осудени за лажни сертификати како тој на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни...