Македонија
„Зелен хуман град“: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје
Загадувањето во Скопје со години е проблем на сите негови жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побргу се почне со спроведување мерки, кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот, толку побргу ќе го решиме овој долгогодишен проблем, велат од „Зелен хуман град“.
Предлагаат 6 мерки, кои, како што велат, треба веднаш да се спроведат, и 9, кои треба да се спроведат во наредните 3 години. Според нив, со овие мерки се заокружува логична целина и тие водат кон една иста цел – одржлив развој на Скопје.
„Предложени се мерки за третман на отпадот според концептот нула отпад, мерки за сообраќај според превртена сообраќајна пирамида, каде што се дава приоритет на најранливите учесници во сообраќајот, мерки за обезбедување енергетска независност на град Скопје и неговите жители, кои воедно се и механизам за борба против енергетската сиромаштија, како и мерки поврзани со точно лоцирање на изворите на загадување во реално време и инспекциски надзор за контрола на загадувачите.
Листата на мерки ја пративме до сите советници на Град Скопје и до градоначалничката. Целта на ЗХГ е сите заеднички да изградиме консензус за ова прашање и како локална самоуправа да спроведуваме активности, кои се комплементарни, логични и се темелат на најновите научни сознанија, анализи и мерења. Само така можеме да придонесеме за почист воздух во Скопје“, велат од таму.
Оценуваат дека е преголема цената во човечки животи што ја плаќаме за загадувањето да продолжи да биде злоупотребувано за меѓупартиски пресметки.
„Сите го дишеме истиот воздух! Затоа решенијата мора да ги носиме заедно и тие мора да се засноваат на наука, факти и непобитни докази“, потенцираат од „Зелен хуман град“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег
Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

