Македонија
Зечевиќ од Охрид: Силата на духовното раѓање што го носи Водици и вербата во новата надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да создадеме подобра иднина
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и организацискиот секретар Митко Трајчулески денеска присуствуваа на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици заедно со граѓаните на Охрид.
Зечевиќ им го честиташе празникот на сите православни христијани.
„Ви го честитам големиот празник Богојавление – Водици и ви посакувам добро здравје, спокој и благосостојба.
Силата на духовното раѓање што ја носи овој голем празник и вербата во новите почетоци што создаваат нова надеж нека бидат наша заедничка поткрепа да успееме, да истраеме, да бидеме сплотени и да создадеме подобра иднина за сите наши граѓани, за целиот наш народ.
Бог се јави! За многу години Водици!“, истакна Зечевиќ во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сајкоски по земањето на уверенијата од ДИК: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада
Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност“, посочи тој и додаде:
„Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа“.
Македонија
Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес Комисијата го презентираше извештајот за работењето во 2023 година кој бележи тренд на зголемување на бројот на претставките.
„Годинава Комисијата работеше на 523 претставки што е повеќе од 100 отсто зголемување во однос на претходната година. Тоа веројатно говори дека Комисијата добива на видливост, дека граѓаните се поинформирани во однос на тоа каде треба да ја пријават дискриминацијата и дека институцијата добива уште повеќе на доверба. Забележуваме еден тренд на повторување на истите области од дискриминацијата од претходната година па така медиумите, јавното информирање, работниот однос, образованиот процес и пристапот до образованите услуги и во 2023 година, исто како и во 2022 година, остануваат најчести области во кои се пријавува дискриминација“, рече претседателот на Комисијата, Игор Јадровски.
Во споредба со 2022 година се забележува тренд на намалување на дискриминација врз национална и етничка припадност меѓутоа пораст на оние случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
И покрај зголемениот обем на работа, Јадровски нагласи дека се соочиле со истите предизвици на кои се жалат трета година по ред, односно работат со ограничен буџет и малкумина вработени.
„Апелирам, пред сè Собранието кое го гласа буџетот меѓутоа и останатите надлежни институции, да имаат слух за овие предизвици. Комисијата, иако во 2023 година имаше и квантитативно и квалитативно двојно повеќе работа, работевме со намалени човечки капацитети во 2023 година. Комисијата с уште останува со прилично лимитиран буџет. Сè уште континуирано се прекршува онаа финансиска независност на Комисијата односно располагањето на буџетот на Комисијата, што директно е во колизија со законската поставеност на Комисијата како независно тело“, вели претседателот на Комисијата, Јадровски.
Во моментов Комисијата го подобрува пристапот до институција, оти Јадровски вели дека сега се непристапни, а во периодот што следи најави дека ќе настојуваат да бидат поактивни посебно во областа образование па апелираат да бидат вклучени во работните тела кои ги подготвуваат стратешките закони.
Комисијата и натаму ќе притиска за вклученост во закони и политики кои значат подобрување на принципот на еднаквоста, унапредување на еднаквоста и заштитата од дискриминација. Во следниот период очекуваат повторно да се активираат процесите за носење на законот за родова еднаквост и измените на законот за матична евиденција во делот за признавање на родот и чекаат Комисијата да биде препознаена како тело кое треба да боде вклучено во работните групи.
Македонија
Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор
Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се сомничат за примање награда за противзаконито влијание.
Од тука информираа дека акцијата за апсење на Георгиев следувала по пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Обвинителството објави дека донесена е наредба за спроведување истражна постапка за судијата и уште за едно лице за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.
Денеска, Основниот суд ќе одлучува за притворот за врховиот судија, а во однос на Мемети засега, според доказите, нема основа да се предложи притвор.
„Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот, користејќи ги службената положба и претпоставеното влијание, лажно ветувал погодности за обвинетиот (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот. Предметниот обвинител, вчеравечер, покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје, достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд, кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет на РСМ, кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка“, велат од Обвинителството.
Како што се додава, прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законска основа на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за врховиот судија, кој бил затекнат при извршување на кривичното дело.
Во однос второосомничениот, како што информираат од Обвинителството, до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи.
Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, беше извршен претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавните обвинители.