Македонија
Злоупотребил положба за набавката на мазут: ДКСК со иницијатива за кривично гонење поранешен директор на ЕСМ
ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавката на мазут.
„Предметот со број 12-462/1 од 25.1.2023 година е оформен од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива во врска со јавно изнесени наводи за незаконска набавка на мазут од страна на АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ ‘Неготино’, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија. По оформувањето на предметот, на 28.2.2023 година, непознат подносител до ДКСК достави дополнителна документација, која се однесуваше за предметот, со цел ДКСК да ги испита состојбите наведени во пријавата. Вредноста на вкупната набавка е речиси седум милијарди и 500 илјади денари или околу 212 милиони евра. Набавката требало да ја изврши фирмата РКМ ДОО Скопје, при што била предвидена количина мазут за која постои сомнеж дека не можела да биде испорачана за многу кус временски период. Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут. Дополнително, според јавно изнесените наводи, АД ЕСМ Скопје наводно извршил и продажба на ноќни вишоци електрична енергија на една фирма по цена што била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX. За наводите, кои се однесуваат на сомнеж за незаконска продажба на ноќни вишоци електрична енергија од страна на АД ЕСМ Скопје, ДКСК ќе одлучи со друга одлука кон предметот“, велат од ДКСК.
Како што посочуваат во своето соопштение, ДКСК побара податоци, информации и документација од АД ЕСМ Скопје, од АД ТЕЦ „Неготино“, од Управата за јавни приходи, од Владата, потоа од деловните банки со кои соработува РКМ ДОО Скопје, Царинската управа на РСМ и еден стопански субјект од РСМ, кој остварил соработка со РКМ ДОО Скопје, „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
„Со цел обезбедување дополнителни сознанија за конкретниот случај, Државната комисија за спречување на корупцијата закажа и одржа службени разговори со овластени претставници од АД ТЕЦ ‘Неготино’ на 10.4.2023 година во своите простории и со овластен претставник на Регулаторната комисија за енергетика, исто така во нејзините простории на 1.8.2023 година“, соопштија од ДКСК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

