Македонија
Зоран Теофиловски на распит во кривичниот суд
Зоран Теофиловски, кој е член на Судскиот совет, а кој е под истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, утринава бил на распит во кривичниот суд. Неофицијално тој сам се пријавил, а полицијата по него трагаше 24 часа.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација.
Со стореното кривично дело осомничените се гонат поради нанесена штета на буџетот од речиси 860 илјади евра.
Теофиловски е зет на Александра Зафировска, поранешна претседателка на Судскиот совет, чиј глас можеше да се слушне и во таканаречените бомби како соработува со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

