Македонија
Иванов во официјална посета на Јордан
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан.
Денеска со највисоки државни и воени почести, Иванов ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман.
Во рамки на посетата, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.
За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа“, и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.
Сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова, во рамки на дамската програма ќе оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула, и ќе ги посети Фондацијата „Jordan River“, невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан“, кои се основани од Кралицата Ранија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

