Македонија
Иванов ги прими акредитивните писма од новоизбраните амбасадори на Косово и Бугарија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Косово и на Република Бугарија во Република Македонија.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Косово, Н.Е. Ѓерѓ Дедај, Иванов рече дека Република Македонија, во духот на добрососедството, е подготвена за посветена и суштинска соработка со сите соседни земји, вклучително и со Република Косово, и изрази очекување за продолжување на дијалогот по билатерални прашања од заемен интерес, како и за соработка во рамките на регионалните и други организации и иницијативи.
„Од друга страна, свесен сум и за потенцијалните предизвици и преостанатите отворени прашања кои би можеле да имаат дестабилизирачко влијание во нашиот регион. Затоа верувам дека е неопходна координација, искрен пристап и заедничко дејствување во справувањето со билатерални, регионални и меѓународни предизвици“, истакна во обраќањето претседателот Иванов.
Амбасадорот Дедај искажа уверување дека понатамошната соработка и односите на добрососедство со Република Македонија ќе бидат главен приоритет високо на политичката агенда на сите косовски институции.
„Продолжувањето на таквите политики базирани на принципите на блиска соработка, слобода и демократија ќе придонесе за успех и просперитет не само на нашите две земји, туку ќе претставува и значаен историски придонес за мирот и стабилноста на регионот, како единствен начин за надминување на негативното влијание од минатото и ќе ја гарантираат стабилноста и оддржливиот демократски развој на Западен Балкан“, посочи во обраќањето амбасадорот Дедај.
На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов, претседателот Иванов истакна дека традиционално добрите пријателски односи и очекуваната заедничка иднина во рамките на европското семејство ги поврзуваат, но и обврзуваат Македонија и Бугарија да ги засилат меѓусебните односи во сите сфери од заеднички интерес.
„Нашите заложби за реализација на заедничките демократски цели се рефлектираат во посветеноста на двете земји за градење добрососедска политика заснована врз принципите на меѓусебна доверба и почитување. Имплементацијата на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, пред сè, насочен кон надминувањето на историските предрасуди, отвора перспективи во постигнувањето на европските вредности, како заеднички придонес кон стабилизацијата и просперитетот на целиот регион. Би сакал и во оваа пригода да го изразам нашиот интерес за продолжување на конструктивниот дијалог за голем број прашања од заемен интерес, како и за продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во рамки на меѓународните организации“, рече претседателот Иванов.
Амбасадорот Ангелов истакна дека активната и посветената работа за понатамошниот развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, во духот на добрососедството, пријателството и довербата, како и поддршката за полноправно членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, ќе бидат главната задача за време на неговиот мандат.
„Денес граѓаните од двете страни на границата имаат пријателски и добрососедски односи кои се развиваат во позитивна насока. Со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година, Република Бугарија и Република Македонија дадоа позитивен пример на сите држави во регионот за тоа како можат да се изнајдат дипломатски решенија дури и за најсложените отворени прашања што траат со децении. Сепак, има уште многу работа да се направи за целосна имплементација на документот“, рече амбасадорот Ангелов.
Претседателот Иванов на двајцата новоименувани амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во Барселона: во фокусот проектот „Роаминг како дома“
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска е во работна посета на Барселона, Шпанија каде учествува на MWC26 (Mobile World Congress) – најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди и дигитални решенија во светот.
Во рамки на својата посета, министерот се задржа на лобирање за принципот „роаминг како дома“, со цел понатамошно унапредување на условите за граѓаните и бизнисите преку намалување на трошоците за роаминг и приближување кон европските стандарди.
Министерот Андоновски беше дел од GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираше за клучни политики и приоритети поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии.
„Ова е најголемиот светски настан кој ги обединува креаторите на политики за дигитализација, претставници на телеком операторите и најголемите производители на мобилни уреди во светот. Заедно со претставници на Влади и претставници на приватниот сектор, разговараме за прашањата кои најмногу ги засегаат нашите граѓани и корисниците, а тоа за нас секако е проектот „Роаминг како дома“ – што значи цени како дома за користење на мобилни услуги, СМС пораки и интернет било каде во Европската Унија. Можам да кажам дека од владите и од нашите меѓународни партнери добиваме голема поддршка за овој проект, но и разбирање од големите телеком оператори“, истакна Андоновски.
Министерот додаде: „Во текот на денот имав можност да се сретнам со мобилни оператори кои се присутни во Македонија, но и со бројни светски производители на опрема, даватели на облак (cloud) услуги, каде што разговаравме за најважните прашања кои во моментов го засегаат секторот на дигитализација: изградба на дата центри, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.“

