Македонија
Иванов: Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставно и незаконски
Објавувањето на Законот за јазиците во „Службен весник“ е противуставен чекор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Оттаму велат дека чекорот не е законски и затоа директорот на „Службен весник“ може да биде кривино гонет.
„Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ, која себеси се смета за проевропска. Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во ‘Службен весник’, без потпис на указот од претседателот на Република Македонија, се противуставни. Со доставувањето на овие два закона во ‘Службен весник’ е прекршен членот 75 од Уставот на Република Македонија, а објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење“, велат од кабинетот на Иванов.
Според кабинетот на претседателот Иванов, ова е момент кога ќе се види дали функционираат независното судство и Обвинителството, но и дали во Македонија постои владеење на правото.
„Се прашувам дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани што носат несогледливи последици и штета врз правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?“, се додава во дописот од кабинетот на Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

