Македонија
Иван Илиевски нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков, кој е разрешен од функцијата, информираат од кабинетот на Арсовска.
„Илиевски со години работи на раководни позиции во Авто-мото сојузот на Македонија и ‘Македонија sообраќај aмерит’. Во текот на својот професионален ангажман работи и за развој на центрите за обука на институциите како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје“, објаснуваат од Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.