Македонија
Изгласана стратегијата за родова еднаквост 2022 – 2027 година
Изгласана стратегијата за родова еднаквост 2022 – 2027 година, која е основен стратешки документ на Македонија, со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.
Со донесувањето на оваа стратегија Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество, соопшти Министерството за труд и социјална работа.
Стратегијата се заснова на принципите на законитост, јавност, транспарентност, одговорност, отчетност и меѓусекторска соработка.
Визија на стратегијата е постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите, девојчињата и момчињата, имаат еднакви права, пристап до ресурси, можности и заштита во сите сфери на животот како услов за целокупен и одржлив економски, демографски, социјален развој и напредок на земјата, односно општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности што ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство.
Со прифаќањето на амандманите на предлог-законот за буџети се овозможува вклучување на родовата перспектива во буџетите на органите на државната управа. Со ова буџетите стануваат родово одговорни и ќе одговорат на потребите на сите граѓани, жени и мажи.
Родово одговорно буџетирање не е прашање на борба помеѓу мажите и жените. Напротив, тоа е прашање со кое ние создаваме еднакво општество, во кое ги распоредуваме финасиските средства на поправеден начин. Родовото одговорно буџетирање станува реалност со донесување на новиот закон за буџети.
Владата силно верува дека нема еднаквост во општеството ако нема еднаквост помеѓу жените и мажите. Во својата програма за работа 2022 – 2024 ја истакна својата заложба за родова еднаквост преку сузбивање на родовите стереотипи, елиминирање на родово базираното насилство, зајакнување на жените во економијата и земјоделството, како и вреднување на лидерските потенцијали на жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ.
„Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал. Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него. Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.
Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.
На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.
Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.
ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

