Македонија
Изменет режим на повеќе линии на ЈСП поради блокада на крстосницата во Автокоманда
Утрово, од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булеварот Александар Македонски со улицата 16. Македонска бригада некои од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линиите 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Домот на печатот, Клиничкиот центар и Транспортниот центар, во Автокоманда преку булеварот Александар Македонски ќе се исклучуваат на клучката „Дијамант“, па по булеварите Киро Глигоров, Србија и Јане Сандански до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортниот центар, преку Југодрво и Рекорд ќе продолжуваат до крајните постојки на Домот на печатот и Клиничкиот центар.
Во обратна насока ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Кај „Бриколаж“, од улицата Перо Наков, ќе врти лево по булеварот Киро Глигоров, па по булеварите Србија и Јане Сандански до крајната постојка на Транспортниот центар.
Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино кон Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит-пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај „Фершпед“ ќе вртат лево на улицата 808, ќе поминат пред дирекцијата на ЈСП сè до постојката кај „Алкалоид“, која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај „Континентал“, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај „Светлост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

