Македонија
Иницијатива за зачувување на споменот на Холокаустот во Македонија
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) и Фондот на Холокаустот во Македонија започнаа стратешко партнерство и иницијатива за зачувување на споменот на Холокаустот. Иницијативата настојува да го зачува споменот на Холокаустот во Македонија и воедно да ја промовира традицијата и културата на македонската-еврејска заедница. Исто така, иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата помеѓу сите Македонци.
Со ова соопштение се отвара фондот за постојаниот изложбен и меморијален центар на Холокаустот во Скопје – Македонија во период од есента 2018 година, во знак на одбележување 75 годишнина од депортацијата на скоро 98% од македонската еврејска заедница во логорот на смртта Треблинка.
Двете институции работат здружено од 2006 години, кога во повеќе наврати ОМД беше домаќин на претставници на Фондот на Холокаустот на Македонија во Вашингтон, по повод различни панел дискусии, проекција на филмови, настани од вмрежувачки карактер и слично. ОМД ја предводеше и делегацијата на 70 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, како и големото отварање на Меморијалниот Центар на Холокаустот во 2011 година. Во 2013 година, истиот Меморијален Центар на Холокаустот претставуваше фокус на четвртата глобална конференција на ОМД одржана во Скопје, каде што стотици учесници беа во можност да го посетат музејот и при тоа научат повеќе за злосторствата во текот на Втората Светска Војна.
ОМД ги охрабрува поддржувачите на Фондот на Холокаустот на Македонија и повикува на понатамошни донации од индивидуалци, организации и приватниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

