Македонија
Инспекторите ќе проверуваат дали биле прекршени протоколите за прославата на ДУИ
Инспекторатот ќе проверува дали биле прекршени протоколите од страна на функционерите на ДУИ, кои вчера се собраа во просториите на новиот барокен објект на Министерството за политички систем.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска, вели рече дека сите инспекторати постапуваат неселективно, а така ќе биде и во овој случај.
„Надлежната инспекција ќе провери дали имало прекршување на протоколите и дополнително ќе бидете известени за сè што ќе биде констатирано од нивна страна“, рече Грашкоска одговарајќи на новинарски прашања.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера на социјалните мрежи сподели фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден на нивниот лидер Али Ахмети во новиот барокен објект на Министерството за политички систем.
Подоцна, на социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои Ахмети сече торта во истата сала.

Денеска, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, изјави дека фотографијата била направена при мало изненадување за Ахмети, а организирањето на овој настан во државни простории им било традиција. И покрај тоа што на заедничката фотографија, како и на фотографијата на која лидерот Али Ахмети ја сече тортата, никој не носи маски и нема два метра меѓу нив, Груби тврди дека ги почитувале протоколите.
Османи по повод фотографијата денеска рече дека немало непочитување на протоколите, но прифаќа оти е грешка тоа што објавил фотографија на која се без маски. Објасни дека тоа било само момент заради фотографирање, кој добил погрешна интерпретација во јавноста и жали што е причина за негативни чувства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

