Македонија
Институтот за физикална медицина подготви оддел за рехабилитација на пациенти што прележале Ковид-19
Министерството за здравство информира дека, поради долгорочните последици што ги остава инфекцијата со коронавирусот и поради сè поголемата потреба за рехабилитација на пациентите што прележале Ковид-19, Институтот за физикална медицина и рехабилитација со поддршка на Министерството подготви оддел кој е наменет за пациенти за постковид-рехабилитација.
Досега Институтот имаше само индивидуални барања од страна на пациенти што се третираа амбулантски, но од неодамна оваа јавна здравствена установа, во соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје и ГОБ „8 Септември“, почна со организиран болнички пристап за рехабилитација на пациенти што прележале Ковид-19 и во согласност со тоа заедно со специјалисти инфектолози од Клиниката и болницата, Институтот веќе спроведува конзилијарни прегледи од страна на специјалисти физијатри.

„Овие пациенти, кои со денови, некои и со недели биле хоспитализирани поради Ковид-19, се соочуваат со тешкотии и во дишењето и во движењето, кои побргу и полесно се надминуваат со стручна помош во смисла на респираторни вежби и физикални вежби за нивно враќање кон нормалните животни активности. Она што досега го гледаме како резултат од рехабилитацијата е исклучителен напредок кај овие пациенти. Некои доаѓаат во колички, неподвижни, изнемоштени, а по само две недели, веќе одат самостојно, без помагала. Со ова практично одиме чекор понатаму во грижата за пациентите со Ковид-19. Се грижиме не само за превенцијата, со вакцините што се во најава и лекување, туку и за рехабилитацијата, која е навистина важен сегмент од секој напреден здравствен систем“, потенцира министерот Филипче.
Процесот на рехабилитација се спроведува во согласност со најновите протоколи за рехабилитација на постковид-пациенти од страна на тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти со долгогодишно работно искуство, кои за секој пациент пристапуваат индивидуално во согласност со функционалната состојба на пациентот.

„Рехабилитацијата на овие пациенти не трае исто, таа е во зависност од тежината на клиничката слика и последиците што болеста ги оставила кај пациентот, но во просек од 2 до 4 недели. Повеќето од пациентите покажуваат значително подобрување на респираторната функција, олеснување на анксиозноста и депресијата, намалување на компликациите, намалување на попреченоста, побрза вертикализација и оспособување за побрзо и поефективно враќање на секојдневните животни функции“, истакнува д-р Маја Манолева, директорка на Институтот за физикална медицина и рехабилитација, и додава дека пациентите што досега престојувале на Институтот покажуваат огромен напредок и подобрување.
Пациентите што биле лекувани во домашни услови или се веќе испишани од инфективните одделенија, но сè уште чувствуваат слабост и имаат проблеми со компликациите од болеста, може да се јават на преглед во Институтот преку „Мој термин“, но и преку амбулантите во установата, со цел да бидат упатени за понатамошна амбулантска или болничка рехабилитација.
Дополнително, Институтот веќе е во комуникација и со дел од општите болници во државата за пренесување на искуствата и едукација на кадарот од тие болници, со цел нивно понатамошно вклучување за рехабилитација на овие пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

