Македонија
Интензивирање на реализацијата на проектите поддржани од УНЕП
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари средба со претставникот на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт.
На состанокот се разговара за статусот на тековните проекти што Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со поддршка на Програмата на Обединетите нации за животна средина, а поддржани од Глобалниот фонд за животна средина, као и за планираните идни проети.
Посебен акцент беше ставен на активностите што се спроведуваат во рамките на ГЕФ 5-проектот „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитените подрачја и насочување на биолошката разновидност во планирање користење на земјиштето“. Во рамките на овој проект една од главните цели е проширување на заштитените подрачја во земјата, каде што во завршна фаза се подготовката на студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина и социо-економската студија, а ќе следува и изработка на правната рамка за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и план за управување со идното заштитеното подрачје.
Исто така, се разговараше и за поддршката во борбата против опустинувањето и планираните идни активности кон постигнување неутралност на деградација на земјиштето и придонесот кон исполнување на целите за одржлив развој.
Беа разменети искуства и за третманот на отпадот кај нас и во земјите од регионот, како и можностите Програмата на Обединетите нации за животна средина да поддржи некои идни проекти, посебно во заштитените подрачја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

