Македонија
Исмет Гури: Избламирани сме со судењето и нарушен ни е интегритетот
Во кривичниот суд по четврти пат од почеток почна судењето за предметот на СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“. Претседател на судечкиот совет е судијката Марија Клетничка.
Обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими рекоа дека во согласност со Законот за употреба на јазиците бараат обвинението и сите досегашни списи да им бидат преведени на албански јазик.
„Текстуално разбирам за што сум обвинет, а суштински не“, рече Исмет Гури. „Толку сме избламирани со судењето што ни е нарушен интегритетот“, кажа пред судот обвинетиот Исмет Гури. И двајцата рекоа дека не се чувствуваат виновни.
Судењето почна од почеток откако судијката Оља Ристова побара да биде изземена поради изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и написите во медиумите, со кои, како што беше официјално соопштено, се вршел притисок врз судот во врска со заканите кои му ги упатил адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Исмаили на обвинителот Гаврил Бубевски, како и поради начинот на водењето на предметот.
Претходните одлагања на овој предмет беа поради промена на судечкиот совет. Во „Титаник 3″, за уништување изборен материјал обвинети се координаторот на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Првото рочиште се одржа на 16 март 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток.
„Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови.
Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање“, порача Ѓорѓиевски.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.

